надојден (прид.)
Слично на нечистотијата што ја влече со себе надојдената вода.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Или птица кружи Или замор надојдена дише.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Надојдени матни води урнувале мост помеѓу два брега. Така и се случило Кара-Демир попаднал во некој дервишки ред да се боде со клинци и големи игли со диви молитви, како да се казнува за предавство кон исламот или кон долгогодишното пријателство.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А потокот беше ѓаволски надојден па водата нѐ лижеше до колена.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тогаш болката на иронијата ги напаѓа, ја стега утринската надеж, им се остварува судбината тие да немаат доблест во мигот на надојдената небиднина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како дива и пеколна фурија, како нагла градобијна бура, како надојдена матна река и облак од пламен - од куќа до куќа, од уста во уста се пренесуваше страшната и лошата вест.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дуќаните му беа подредени по работ на најпрометната улица во големиот град. Овде луѓето минуваа како надојдена река.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Разбравме дека напролет во населбата Доброшане ќе спроведат акција за расчистување на коритото на Кумановската Река, откако таа самата ќе си го исфрли ѓубрето со надојдени пролетни води.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ги прошета дланките од слабините нагоре и изобилно ги наполни со нејзините чиниш секогаш надојдени дојки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- А јас помислив дека сакате да ви ги отпишам долговите, вели Доксим Тренчески и се дуе во образите, ко предојдено тесто.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога го превалија ридот и се спуштија прудолу, наидоа на надојдена суводолица.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Понесливата тежина на градата ќе ја натераше да си ја поткрене дојката, подобро да ѝ ја почувствува тврдата тежина што ја потсетуваше на размесено надојдено тесто, толку многу си ја чувствуваше дојката што по сеќавање, во носот ќе ѝ замирисаше на топол леб.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сега Битола, со своите сто и дваесет илјади жители, беше станата стог сено во којашто секој поединец не беше баш игла ама не беше ни поголем од шајка во таа огромна грамада надојдена од селата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Краток одмор и по тесниот дрвен мост ја преминаа надојдената и матна Бистрица, Застанаа на лединка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Епилог Полната месечина малее; Надојдената вода прелева. (Кинеска поговорка) Денес, во седум часот изутрината, како и секој ден, авторот седна да ги допишува редовите што следуваат па, конечно, да ѝ го види крајот на својата прикаска.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Целта на надојдената вода била да го отскрие председателот, сите се чудевме после тоа. - Зборуваше баба ми.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тие во неа надоаѓаат како да некогаш многу одамна, во некое најдалечно минато, некој ги заточил, па ете сега преку неа, преку нејзините алехмиски процеси на мислата, дотекуваат како надојдени реки, како незадржливи лавини што мораат да се излијат за да не изгнијат.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Го слушавме, но не му верувавме. „Знам да разговарам со темнината, велеше, да ги толкувам шарите врз надојдената река, а преку нив и да ги одгатнувам собитијата на планината.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)