наказание (ср.)
Веруј, синко, оти секој син и ќерка што не слушале татко и мајка големо наказание од Бога добиле.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Тие услуги се плаќаа можеби поскапо и од самите наказанија, ама главно луѓето не се запишуваа во „ќелеш“ тевтер, како ги викаше тој наказателните книги што се водеа кај кадијата и кајмакамот за евиденција на накажаните граѓани.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Веруј, синко, оти секој син и ќерка што не слушале татко и мајка големо наказание од бога добиле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)