накваси (св.)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Двајцата покажуваа нешто по должината на брегот, се вртеа повремено кон Тврдината, потоа слегоа по скалите до зајадливите бранчиња на реката што удираа на бетонот, едниот клекна и ја пикна раката во водата, си ја накваси до над глуждот и со дланката си помина по челото.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа ме моли да ја оставам, а јас ја молам да пушти барем една жичка, колку да им го наквасам јазичето на децата. За лек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А никој не смее да ми даде, да ми ја накваси.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Полека, со лек чекор, замина од колибата, а дождот му ги наквасуваше чевлите направени од плетена трева и автомобилска гума.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Карабуклијата пак шмркна од пагурчето, му го подаде на дедот Петка и тој да го накваси грлото оти од многу зборување беше му се засушило, та откако се поналакти на другиот лакт, се заврте кон Доста и почна: — Арно вели побратимот, внуко, арно вели.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Првин почна да ја мачка со винска киселина. Имаше чуено дека и Исус Христос, кога бил распнат на крстот, побарал винска киселина. Само малку да му ја наквасат устата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Крени ја главата, ќерко, нема кој да ти простува освен еден Господ и една Богородица! и со двете топли дланки го поткрева мургавото лице на Пелагија кое е наквасено од солзи па блесокот на очите е заматен.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)