накит (м.)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ќе ѝ се доближат на некоја девојка и ќе ѝ го соберат накитот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Своите накити ги нудеа без довикување а муштериите ги пречекуваа молкум, се однесуваа така како да им е сеедно дали ќе продадат нешто од својата стока.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ќе ги затворам во кутијата за накит соништата и копнежите.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Сите други нешта паѓаа во сенка пред сјајот на златниот накит; од тој блесок Еразмо не можеше да го види сјајот на животот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
По облеката, лицето, брадата и косата, по накитите на рацете, ќостезите и турбанот на главата се гледаше дека е тој висок службеник во палата на султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Украс на планинана, накит ставен врз сината витрина, со посебна намена да ја украсува, со што би се предизвикало чувтсво на восхит, со што би се доживела глетката.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во Помпеа има една фреска останата од времето кога вулканот Везув го уништи градот, на која е претставен еден цар кој во раката држи теразија: та на едниот саан од теразијата ставено е скапоцено богатство: златници, накити и друго, а на другиот тас, знаеш што?
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Скопската шмизла може да ја препознаете како личност на која освен коли, пари, гардероба, накит и останатите пратечи материјални елементи за друго и не пројавува посебен интерес.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ги испродаде сите работи. Накитот што ѝ го подаруваше Хелвиг во изминатите години.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А, камчево личи на килибар, една смола, многу скапа и ценета, од која се изработуваат украси за прстени, ѓердани и друг накит.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од продажба на женски накити припечалува добра пара.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Алишта, маст, сирење, а особено пари и женски накити од сребро и злато.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Монпарнас“ тешко се напушта, зашто бесцелно шетање по неговите улици само по себе претставува задоволство, особено во вечерните часови, кога по неговите широки тротоари се води улична трговија со разновидни накити, кои ги продаваат хипиците, придружувајќи ја со звуци на гитара.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сега вие гледате - и не бидете изненадени ако барајќи ја загубената нитка го пронајдете Загубениот акорд, Загубената генерација или Загубениот баталјон од Првата светска војна, десетте изгубени племиња на Израел (коишто во своите ранци ги носат двете загубени книги на првобитното Седмокнижие), загубениот континент Атлантида, Луј XVII (Загубениот дофен) од Франција, илјадниците исчезнати од латиноамериканските диктатури на нашето време, делата од класичното доба изгубени во христијанскиот мрачен Среден век, загубените ремек дела од уметноста и науката коишто веројатно би ги произвеле жртвите на нацистичкиот холокауст, загубените градови во Африка, разните загубени илузии, прилики и цели, загубената младост и сон, загубените уметности и јазици, загубеното време кое никогаш нема да биде повратено или надокнадено, целиот восок којшто Бенвенуто Челини го изгуби додека излеваше накит според методата која се вика cire perdue, а на што вашиот автор без пиетет се сеќава секогаш кога ќе ги здогледа рекламите за производите на живинарскиот концерн од Мериленд, „Франк Перду“.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Изабел на себе имаше црвени панталони и убава свилена кошула, накит ни многу ни малку, само тенко златно ланче околу вратот, а шминката ѝ беше многу дискретна.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Понатаму мораа да кружат низ Калифонија кога стомакот веќе ѝ се познаваше и сѐ што им беше останало беа нивните црни кожени јакни и накитот од сребро и тиркиз којшто некако го стекнаа во Галуп или Флагстаф.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таа ја искалаузи Велика Рошкова, од чии накити ѝ оставија добар дел нејзе, а и парите што ги доби Толе скоро две трети ги остави кај неа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)