наклонет прид.

наклонет (прид.)

Трети ќе најдат оти јас проповедувам некаква надеж за поправување на Турците спроти нас и на европските реформи во нашата татковина, кога досега јасно било докажано оти ни Турција сакала, сака и ќе сака реформи во Македонија, ни големите држави се наклонети да ја принудат Турција за да ни даде некакви, па и најмали реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Смислата на оваа добро организирана хибридна прозна белетристика се потпира и врз наклонетоста на авторот кон сентенциозности.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Книгоиздателствата му се традиционално повеќе наклонети на романот отколку на пократките прозни форми, така што веќе од педесеттите состојбите се менуваат и расказот веќе не е доминантниот облик на фантастичната книжевност во Соединетите држави.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Јагиќ беше наклонет кон посебноста на македонскиот јазик и тоа и јавно го изрази во една своја статија во виенскиот весник „Die Freie Presse” во времето кога Мисирков беше уште во Битола, којашто предизвика остра реакција на Балканот; особено во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мамејќи со својата лукавост други луѓе, коишто се наклонети кон злото, целиот свој живот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас сакам да те предупредам. Внимавај кога на дворјаните им вртиш грб заради моменталната наклонетост на царот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму поради оваа необична сличност помеѓу „врвното доживување“, кое се јавува спонтано, ретко или никогаш во животот, и психоделичното доживување, кое може по желба да се повика со помош на дрогите, ова последното е толку привлечно за многу личности наклонети кон поезија, музика, сликарство, филозофија и религија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Патем, и јас малку бев наклонет кон тоа. Хипохондрија. Анална педантерија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Луѓето со срцето чувствуваат дека се ист народ тогаш кога имаат заеднички идеи, интереси, наклонетости, спомени и надежи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Британците можеби доцна увиделе кој ја има наклонетоста на поголемиот дел од населението.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Планетарен трибализам Иако во Источна Европа е посебно очигледна, наклонетоста кон трибализмот може да се согледа во целиот свет: сосема јасно во Африка, но и во САД, кадешто Движењето за политичка коректност учествува во истата тенденција кон егоизмот на идентитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но сега, откако се изиграа неколку потези, тој гледа дека погрешно ценел - позицијата не му е никако наклонета, големо прашање е дури дали ќе може и да ремизира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од тоа изобилие на пронајдоци, сугестии, изуми, идеи, скици, се издигнува и заедничката наклонетост кон необичните материјали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Движечката сила е жива, не мирува, наклонета е на придвижување кон неоткриеното, неосознаеното за неа, кон нови активности.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А јас знаев дека Лествичникот, едноокиот, зборови такви угодни пред логотетот кажа затоа што знаеше дека со еден удар две муви убива: прво, логотетот се смилостивуваше пред „понизната“ душа на Лествичникот, и наклонет му стануваше за собитијата идни, и второ, Лествичникот добро знаеше какво сподобие грозно во одајата има, од рака моја пуштено, низ клучалницата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можат да се создадат претпоставки за поголемата или помалата наклонетост кон мистичните содржини, можеме да се запрашаме дали Дишан ја користи алхемијата само како игра или надворешен поттик, како просто оправдување, или пак се работи за нешто подлабоко.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Споредени со нивните претходници од минатите векови, тие беа помалку грабежливи, помалку наклонети кон луксуз, пожелни за гола власт и, над сѐ, посвесни за она што го прават и порешени да го скршат отпорот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми се беше причинило дека не беше пријателски наклонет кон моето ноншалантно однесување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кај Михаил Ларионив постоеше наклонетост кон детската уметност, но само како еден дел од неговиот поширок интерес за природни, примитивни, често вродени извори на инспирација, вид­ливи кај руската фолклорна уметност, сликарите аматери или таканаречени „лубок” цртежи (популарен вид на анонимни, најчесто посветени на нешто, насликани блокови од дрво).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе