наклони (св.)
Најпрвин изнудувајќи од нас признание за покаеното и невешто промашување, како да знаел за нашата несовршена природа, наклонета кон грешки.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Бароните не се наклонети кон читање на вакви бесмислици, а работниците немаат време, па затоа знам дека ти мора да си трубадур и дека ќе можеш да го разбереш Сем Галовеј.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Гледам дека двајцата ваши колеги се наклонети манастиров да ѝ се даде на Албанија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
ЧИН ТРЕТИ Во Арсовото лозје, Во позадината падина на Водно благо наклонета, начичкана со мали лозја, понекои оградени со ниски плотови.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И тие им биле наклонети на дубровчаните, и ако овие извлекле од нив некоја корист, тие од нив извлекле уште поголема.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Беше човек на околу шеесет и пет години, облечен во ново, со син костум на себе и вратоврска со еднододруго аплицирани јаворови лисја во силни бои и паларија со боја која наклонуваше кон кафеаво.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како што покажуваат анкетите, Американците не се наклонети кон легализацијата на јаки дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Не, не, чудо!“ му возврати слугата и брзо се наклони.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Не можам да мислам на Бојсовата уметност а да не помислам на забелешката на Хајнц Кохут дека „нарцистичко пореметените лица се наклонети кон тоа да не можат да почувствуваат топлина или да останат топли.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со попуштањето на структурите во 80-тите години - што значеше поголем пристап кон западните уметнички списанија, меѓу другите работи - дојде до израз помладата генерација која беше наклонета кон постмодернизмот. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 21
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)