наклоност ж.

наклоност (ж.)

Не го сакаа тоа од некоја наклоност или добронамерност спрема мене, не ни дека би се откажале од своите сплетки, туку сакаа да им бидам блиску за да гледаат како одблиску ги слушам, да можат директно да ме зграпчат, да ме тегнат и да ме тресат за палто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајкината рационалност, која извираше од конкретното соочување со животот на новото семејство, убаво се усогласуваше со Татковата наклоност кон мистичноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од оваа мисла лутината брзо му поминува и неговото лице со наклоност се насмевнува кон гостинчето од село.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во тој мој поглед изгледа имаше доза на разбирање и наклоност, па сигурно и на сочувство, кое тој не го одби, туку го прими како благ лек на неговата душевна вознемиреност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше јасно оти ја бев заслужил оваа голема наклоност на Мајка да се грижам за книгите, по објавувањето на романот Таткови­те книги, во која се раскажуваше нејзиниот живот, нашиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби и поради тоа тој некако му беше слабост на дедо кој што имаше поинаков однос со него и не ја криеше неговата наклоност кон Тома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но Дејв го заплашуваа и го правеа несреќен стиховите кои на Ренди очигледно му беа толку блиски - нивниот дух, празен и темен како ноќ, кон кој Ренди вибрираше со толкава наклоност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Завидливост помешана со посесивно сакање, а во основа скриена желба за поседување нечија постојана наклоност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Пастор Рик беше вознемирен поради исповедските очекувања со кои се соочуваше, посебно тие во врска со, како што Рик му објасни на Дејв, неговата неконформистичка наклоност кон индикативниот госпел наспроти императивниот, кон добрите наравоученија наспроти моралните норми. Маргина 34 95
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мајка не можеше да ја протолкува оваа Таткова наклоност кон проучувањето на јагулите, на нивниот пат, на нивниот код на сеќавање, на нивното прастаро жителство во Езерото, на тајните на нивното заминување, на нивната поврзаност со судбината на луѓето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но тој, во таа негова состојба на зафатеност со мене, тоа го примил како наклоност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Малку се смирив. Додека гледавме фудбал на телевизија Бреза се обидуваше да ја придобие мојата наклоност.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Прими го писмово мое со татковска наклоност и проштавај што се осудува слугата твој да ти го нарушува мирот и да ти го одзема скапото време.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со нив управуваа нивните лични наклоности во кои не се сомневаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби Видерс, или некој нему близок, станал сомнителен за еретички наклоности.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И навистина јас придобивав веќе извесни знаци на наклоност од нејзината страна, доволни да се замислам како јунак на една убава сказна што си тече и си тече.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Читајќи го Вител во Витлеем, таа моја наклоност и симпатија станаа уште поинтензивни зашто ја запознавав онаа другата која во својата обилна наративна игривост се откриваше како раскажувач што умее да го поттикне, да го фати за опаш, да го насмее, и тоа повторно и повторно, читателот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На Мусли бег тоа му одеше во прилог, веруваше дека на тој начин меѓу чуфлигарите ќе се закоренат некој вид натпревари, па кон нив и нивните предлози пројави особена наклоност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Наклоноста и нетрпението се присутни дури и кога до тебе живее само еден човек.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе