налудничав прид.

налудничав (прид.)

Легнав на каучот и уморен заспав од лутата ракија длабоко тонев налудничав настан се одигра во сонот Робинзон Крусо ми даде малиџано Наезда од лебарки кренаа кон нас отспротива курви дојдоа од Зајас им отидов пијан ко најголем џамбас им дадов да каснат од топлиот колбас
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Вее вејавица и завива ко бура, налудничаво се спушта прудолу и се крши од ѕидот на столетните борови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од сите бараки излегуваат жените и се вртат на снегот, се пореваат како налудничави сеништа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Скржавото пролетно сонце уште не го распеало софиското зеленило, уште дрвјата не личат на мајски, цветовите пупат, преплашени од налудничавите априлски каприци на времето, цветните алеи по булеварите и парковите сега почнуваат да се шаренеат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Посматраше со големите налудничави очи и со сите сили се трудеше да привлече внимание.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Одам знаејќи дека свеска ми сака да ѝ одам, и еве одам,знаејќи дека е тоа налудничав обид.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со неговата налудничава сестра никој не можеше да излезе на крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Епилепсија на смислата за форма Одредени орнаментални гравури од околу 1600, освен што влијаеле врз нашата современа уметност, значајни се и како илустрација за една од најопасните духовни стапици што го загрозуваат маниризмот: се раѓа и манифестира вистинска страст за украсување, едно налудничаво играње со потполна неоформеност, повремено пријатно продирање во подрачјата на паранојата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- До сега се расправавме со налудничавиве играчки.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Немирот на улицата беше предизвикан од налудничавото однесување на еден човек со мускета. Пукал во насобраните жени и деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе исчезне сјајната суперструктура и налудничавата вертикалност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Накратко да објаснам, беа опасно налудничави.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Добро, добро – попушти Дедо Мраз штом виде дека пречканицава со налудничавково не води никаде – биди што сакаш, викај се како сакаш, па и Нероден Петко, само кажи ми едно: каде се наоѓаме и што се случува со нас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Го следи движењето на големата колона која по беспримерниот и налудничав јуриш со кој е скршен обрачот на противникот, во трчање се растури кон селото Ревани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти недостасува? Мојата налудничавост? Мојата топла крв? Моите маани? Мојата кожа? Моето хистерично смеење?
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Дури и налудничавата мисла да ја земе под наем собата на катот за миг повторно му светна во умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку што повеќе ја покажував својата налудничава храброст, јас како да сакав да ја доближам мојата мајка, татковината, а во суштина, итајќи кон Картагина, кон дипломатскиот подвиг, јас ја одложував средбата со својата Мајка, која ја задржував во мислите со зборовите кои одамна се готвев да ги напишам!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако го изведев налудничавиот обид што вие го спомнавте, можеби никогаш не ќе излезев жив откај министерот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас Ве прифаќам дека налудничави, мушичави сте...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Јана и незините каприци! Откако ја запозна мајка ѝ налудничавата вдовица со глас на девојче, му беше јасно дека се работи за генетска откаченост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе