намесник (м.)
Мојот намесник, којшто сега е и телохранител на Претседателот и задолжен за протоколот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Била воведена директна римска административна управа со постојан римски намесник со седиште во Тесалоника.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За завеса се зедоа чаршафите од архиерејскиот намесник, дедот поп Глигорија, а публиката стоеше на она сретсело на чаирот, каде што играа на Велигден витолишките моми и ергени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А твоите беговски намесници учи ги да не ѝ прават зулуми на рајата и да не ѝ додеваат многу. И пизма да нема спрема никого.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дали тоа има некаква врска со тоа што неговиот намесник Граматниковски е родум од Брезница, не би знаел да ти кажам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А кој е валијата, знае? Валијата е султанов намесник и тој ги има сите права како втор султан кога треба да ги заштити земјата и султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За секого везирот докладуваше: – Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)