наметне св.

наметне (св.)

Веќе е топло, пролет е, па можам да си го наметнам мантило, или само новиов жакет да го носам.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не знам дали забележа дека во ниеден момент не ја наметна темата за брак и мајчинството.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со маневра се овозможува постигнување надмоќ на тежиштето на борбата во решавачкиот момент или наметнување борба на непријателот од подобри услови за нас.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со долга и упорна послушност ја стекнал љубовта на егуменот и на сета братија и еден ден и него го поканиле да ја наметне црната риза и да им стане „во Христа брат“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го правеа пред огледала и притиснати на стаклото во туш кабини, го правеа на ѕидови и на мебел на начини кои наметнуваа претходно незамисливи акробатски вештини што тие во тој момент ги измислуваа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Под брадата му беа вкрстени два реда фишеци – само што се гледаа поради гуњата што ја носеше наметната на грб.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа е она на што цути таканаречената пазарна економија што за суверен господар ни го наметна неговото величество Профитот...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ваквиот заклучок се наметнува без оглед на употребениот јазик за составување на описот, вклучувајќи ги тука и сите научнички јазици на математиката и компјутерските програми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Помрачени умови шират раздор наметнаа братоубиствена војна удри Господе безмилосно кон ѕверот и спаси ја оваа испоганета земја
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Македонското население е национално поробено… Единственото решение што се наметнува е Македонија да добие самостојност и да стане врска за другите балкански народи” Составувала ли, составува ли и може ли Македонија да составува од себе одделна етнографска, и политичка единица?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наметнување на рекламирањето и брендирањето врз јавниот простор Консумеризмот, индустријата и профитот сѐ повеќе ги преобликуваат јавните простори, согласно барањата на симболичката економија чија цел е да се привлечат купувачи и инвеститори.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Македонското население е национално поробено… Единственото решение што се наметнува е Македонија да добие самостојност и да стане врска за другите балкански народи”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дома доживуваме научнофантастична инвазија: Вселенскиот брод се сместува во дневната соба и се наметнува чувството дека се наоѓате на виртуелно патување низ вселената.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И победничките империи го наметнуваа својот поредок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога стана разговорот за женење, Толета го пријаде јасникот и почна да ги реди во умот сите девојчиња од селото и да нагаѓа која ли сака да му ја наметне бегот за да може после, како своја робинка, да ја прибере на кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кон историското ниво на приказната кое низ преданието, архивата и пронајдениот животопис пружа увид во колебливото минато, се придружува современиот контекст во кој историјата се повторува и се огледува во речиси истоветни форми, наметнувајќи го заклучокот за неможноста од пронаоѓање сигурна точка на посматрање и на дофаќање на конечна вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ме најде еднаш кај чешмите, се изварди и ми ја наметна преку рамена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целата оваа реалност е наметнато, екранизирано платно на сиви сенки, кукли од партали, гротескна претстава на сурогати, црно бели копии без идентитети кои моментално атрофираат ако врз нив истурите шолја црно кафе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На извесен начин, партискиот поглед на светот најлесно им се наметнуваше на луѓето кои беа неспособни да го разберат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе