намножи св.

намножи (св.)

Метеж од муви кои се намножуваат според геометриска прогресија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Избезумено се бореше за внимание покрај групата другари што подоцна се намножија на масата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На тебе улам, неправедна божице, што се оддалечи со мојот залез на твоите усни за да намножиш поколенија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во последно време, со намножувањето на независни весници и списанија, во Македонија се намножија и колумнистите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вошките за кратко време се намножија по домот. Од спалните до кујната. И вошките беа гладни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А што станало со ластовичиното семејство. Тоа од тогаш заживеело пак среќно, се намножило и се прснало насекаде, низ целиот свет.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Беше чудно како тој тип луѓе налик на бубалки се намножува во Министерствата: мали набиени луѓе, кои се здебелуваат уште во млади години, со куси нозе, со брзи ситни движења, и со дебели непроѕирни лица и сосем ситни очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Околу неа бргу би се намножиле свијоци со изедначени потенцијали.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кој да ме изгризе? Кој да ме намножи?
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Такви дамки се намножија по куќите како во времето кога првпат владееше чумата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако ние дозволиме — денес ти, утре други да се погрчуваат, тие ќе се намножат и, кога гледаш, еден ден, со помошта на правителството турско, тоа кое им оди на рака, ќе ни ја земат црквата и ќе останеме без црква.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На Шабтај му ја препорачаа Рена, две години постара, допадлива девојка од семејството на еден скромен лимар чијашто работа во последно време, како што се намножија и други мајстори на истиот занает, не цутеше и премногу, но сепак му допушташе пристојно да го одгледува своето семејство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ТАА не е неделно списание и не излегува, како што вели тој, „во последно време откако се намножија независните весници“, туку е месечник и излегува повеќе од седум години.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што се однесува до сестра му, таа можеби била сместена, како и самиот Винстон, во некоја од колониите за бездомни деца ( ги викаа Поправни центри ), кои се беа намножиле како резултат на граѓанската војна; или можеби била испратена во логорот за принудна работа заедно со мајка му, или пак на некое место за да умре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Штом ќе се намножат одат во нови походи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Замавнувале, боделе, кинеле и помамно ги испитувале тие влакненца, и секое, скоро секое, било еднаш видено на штавена кожа од лисица, јазовец или диво свинче, и некои мислеле дека на таквиот народ каков што е нивниот големината му е во несфаќањето, во немањето сметка како да се одржи, да се намножи, да исколе сè што крева нож на него зашто за двајца свои луѓе убива еден, утре ни за десет не ќе убие двајца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако сака господ, годинава едно, до година две, три, пет, ќе се намножат и женски деца и еве ти во Витолишча и даскалица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тој не можел да оди толку далеку во своите предвидувања дека границите толку многу ќе се намножат околу него, неговото семејство, неговиот народ, така што еден ден ќе ја изгуби надежта дека до крајот на животот ќе најде излез од нив.
„Граница“ од Луан Старова
Повеќе