намовне (св.)
Му се намовна тогаш лицето, му се острелушија очите од изненаденост и навреда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Уште црцори, ме намовнува и јас од стравот ја кревам и ја фрлам назад. Во окопата нивна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми се намовнува кожата, телото ми се тресе. Тешко е и претешко да легнуваш и да стануваш со опседнатоста од неуспехот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стоиме така и ништо не веруваме. Само се гледаме и намовнуваме. Некои летни морници нѐ лазат и нѐ студенкаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Продолжија да молчат. Молчев и јас. Молчењето нивно ме стреперуваше и ме намовнуваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сакам кога од нешто се намовнувам. Така кожата ми станува како на праска.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Илко ја собра шијата, намовна, а потоа ѝ рече: - Тоа нема да се случи, снао.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Аман, вели Џемо, не земај душа, вели и го намовнува лицето, го собира ко гасеница.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Првин, чувствувам, ми се намовнуваат рамената, па задниот дел на вратот и долниот раб на косиштето, дури потоа блеснува помислата: Па, двајца се! Кој е вистинскиот?...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Луѓето секнеа црнила од носовите, намовнуваа и викаа: - Господе, не слушај го...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)