наназад (прил.)
Просто гледам како одговорот што го наоѓам ги руши сите филозовски системи наназад како бескрајна низа од карти: една карта урива друга и така со ред наназад.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Му го видов наназад зафрлениот профил, ги набљудуваше ѕвездите што се тркалаат низ небото.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Си бројам така наназад, се думам кога се видовме последно со Никифор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Можете да пловите наназад и нанапред меѓу личните и официјалните стории.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Со години наназад не можеше да ја види светлината на денот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
4.
Стрвна спирала
Штом премногу претскажуваш
стрвна астрална спирало
милост имај за трпеливите
за лифчињата на душата
врз коишто го истураш штедро
твоето мастило
моровата моќ, индигото
од тебе зависи дописот со небесата
ритамот и римата, или и ти
не можеш ништо
кога густината се ретчи
комплексите малаксуваат
согласјата се упростуваат -
само Отецот сам самцат стихува
сушноста – сушта суштина
суштествено суштествува
всушност, меѓу четири ѕида стисната
слободата ѕирка, се ѕвери
нагоре, а таму (уууууууууууу)
сѐ се движи во обратна насока
гледано одоздола
ааааааааааааааааа:
или времето оди наназад
или човекот е свртен наопаку
опак Закону, злорад Реду
приказание, Име имаш ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа го уништуваше, а за мене значеше столб кој години наназад ме правеше да се чувствувам човек.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не свртувај се наназад и не наведнувај се да си ја врзиш врвката на цокулата, баш левата.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Потоа, ниско наведнати, се оддалечуваа неколку метри наназад и таму зад карпите, во трапот и долот - се празнеа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со неговите заби на нејзината брадавица и топлите усни околу неа, брадата и мустаќите што ја грепкаа по дојката која одеднаш ѝ се чинеше набрекната во неговата дланка, таа се заниша наназад, но тој ја задржа со другата рака.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Замавнува со главата и ја фрла наназад бујната коса, го отвора лицето небаре употребуван порцелан.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Денес почнува развитокот наназад, поврзан со намалувањето на вредноста на активата и капиталот, додека долговите не се смалуваат во ист размер.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таа си го собира вратот, се истава наназад и јас го поведувам кучето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Знаеш ли што се поткровјата? Тие се временски машини во кои старите отрпнати луѓе како мене можат да патуваат наназад четириесет години, кога сета година беше лето, а децата ги гонеа и опседнуваа сладоледџиите со колички.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Јас кркорам и клоцам наназад.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Паднаа стомните... се скршија а водата сребрена потече под копитата, под калта на која се лизгаа копитата на коњот, оптегнати наназад, коњот закочи во место, за да се наведне јавачот...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Пелагија ноќта ја помина со отворени очи загледана длабоко во себе и длабоко наназад - во годините!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Исак веднаш ја отвори книгата за теоријата на веројатност, за да се потсети како гласеа некои од правилата што ги имаше подзаборавено, бидејќи поминаа веќе 10 години од завршување на образованието, кое и онака не му послужи многу на работното место што го имаше сите овие години наназад.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Затоа, пред да дојдеме до неа, еве, ние ќе се вратиме малку наназад, во времето кога на големиот глобус, познатиот светски патник првпат ја забележал некаква празнинка.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)