напаѓач (м.)
Секој што го напаѓа нашиот јазик ни е исто таков наш непријател како и напаѓачот на нашата вера.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А утредента... Викаше на цел глас, потпрен на ѕидот, бранејќи се од некој замислен напаѓач, а сите се обидуваа да му пријдат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Следењето им влезе во трагите на напаѓачите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се фатија некои и раце со раце да се борат; маваа со клоци, со глава по нос, касаа со заби, но напаѓачите беа двојно повеќе и сите вооружени, та никаков изглед за спасување немаше.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Како желка што ја пика главата в корупка кога ќе ја чалне некој, а после претпазливо ја вади надвор, иако можеби во тој час напаѓачот стои над неа со кренат стап и чека да ја трасне по глава, така и Пискулиев, по првиот уплав, почна да поднаѕира зад рамената на другарите и да се разгледува по дворот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Напаѓачот секогаш има иницијатива.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Машките пак, притиснати до иконостасот, ги чекаа напаѓачите полни со сила да се удрат и да ја одбијат мечката, но ниту напаѓачот беше мечка, ниту нападнатите беа бикови за да можат со острите рогови да ја убодат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јас и инаку сум изразит напаѓач, што тој вешто го користи, дразнејќи ја мојата силовитост.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)