напие (св.)
Ја кренав чашата и одново двајцата малку се напивме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но кога виде оти уште е рано, — си поседе на чешмата, си поужина лебец и сиренце, се напи водичка и времето дојде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Му вели да стане да се напие вода и да се врати назад во креветот продолжувајќи да спие.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Прекинувале само колку да се напијат вода или вино, да прекаснат нешто, да видат колку е саатот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нашите дедовци наречувајќи се Бугари и не мислеле оти ние ќе правиме од тоа име капитал за да се најадеме, да се напиеме и да се облечеме со него.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Вистинско задоволство би било ако после долги патувања ќе се напиете топло чоколадо со цимет или топол чај по ваш вкус, можеби од мајчина душица.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Добро вечер, Август, го слушна својот глас. Имаш ли нешто да се напиеме.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Вода да се напие низ кожа ќе му се види.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас се наведнувам над изворчето да се напијам вода и наеднаш се уплашувам од тоа што го гледам во водата. Се гледам себеси, а не се познавам. Како туѓо лице да гледам во водата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Што ќе ми толку злато кога не можам да се најадам обичен леб, да се напијам обична вода...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
СИМОН: Уште кога Ве видов од перонот и кога седнав овде со Вас и се напивме вотка, знаев.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Оде што оде и најде еден извор, та појде и се напи една вода; до изворот најде емиш зрел и си скинал та се поранил, оти беше умрел од глад.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Се напи вода, иако не му се пиеше и кога ја накрена лејката, му падна в очи големата плоча над кладенец.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ама станала во темница, одела ноќе до кујната водичка да се напие, се сопнала од некоја врчва и паднала.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Останаа тука без да си речат макар и збор сѐ додека не наиде еден селанец, пристар, кој наврати да се напие вода.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
А тебе не ти даваат време ни вода да се напиеш, да се плиснеш под гушата. Не смеееш со проштение, ни понадвор да мрднеш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој не купил нови алишта, но затоа неколку пати се напил „англиска сол“ за да го растрои стомакот и на таков начин да ја промени бојата на лицето.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Му велиме: зар ништо не можеш повеќе за нас, освен да се напиеш и да повратиш?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Помина ручекот велигденски, се најадоа мажите, се напија, дојдоа пак жените да ги земаат тепсиите и се надуја гајдите на сретсело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)