напладне прил.

напладне (прил.)

Велеше дека дење, напладне гледа пламени на небото кои паѓаат како ѕвезди опашести, и оти тие на земјата се претвораат во стебленца светлина што не може секој да ги види, и дека околу тие стебленца се слуша чурлик на канарки кој не може секој да го чуе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можеби имаше и некое ново јагне, но реши тоа да го установи напладне, кога ќе го пушти добитокот да пие вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што сѐ не мислеше да му нарече од лутина, но кога напладнето го сретна, застана пред него, му се загледа в очи со рацете наопаку, сакаше да му зареди да му вели сѐ што имаше смислено да му рече, ама сите зборови му нагрнаа одеднаш и како ветерот да му ги однесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Напладне се престоруваше во маѓепсано огледало во кое се огледуваа сите околни предели.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Капавица напладне прокапуваше одвај само од оние страни на куќите во кои речиси и дење и ноќе гореше оган.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Напладне, кога ние децата бевме обземени од игрите во дворот, мајка ми ќе ги собереше последните сили, па од брашното донесено од татка ми, се обидуваше со нови волшепства, со играта на своите прсти, кои како да не го имаа заморот на телото, во пресметувањето со секогаш истото тесто, да ни подготви нов ручек, различен од вчерашниот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дефилето тргна во определено време - точно напладне - од пред Музејот на град Скопје, всушност Старата железничка станица, со запрен часовник во мигот на катастрофалниот земјотрес, на 26 јули 1963 година.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Напладне, или малку подоцна, го најдов крокодилот. Лежеше крај една река и сонуваше нешто.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не заѕидувајте ми ги градиве, браќа мои, туку под везенава кошула двете боски оставете ми ги слободни, и секој ден детето носете ми го трипати, в зори, напладне и навечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го чувствувам мирисот на ракетата што зоврива напладне. Стојам под вратата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Луѓето сиромашни со знаење имаат тесна аура, како кратка сенка напладне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Еднаш напладне отидов на лизгање сам; измешан со луѓето, забележав како кон ридот се приближува Надењка и како ме бара со погледот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Напладне, заедно со„пленот“, веќе е дома, истуширан, преслечен, и со смирена воздишка ја испива првата голтка топол чај од шумски јагоди и ја отвора скриптата со новата улога.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И наутро, и напладне и навечер се собираа пред селската продавница среде селото и чмаеа и чавееја, никој ништо не велејќи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Често, многу често влегував во блискиот манастир. Влегував и наутро, и напладне, и навечер.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Наутро ни Наполинка, ни колиба. Лежат на камен искасапени и полека умираат. Напладне, еве ти еден овчар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе