напнат прид.
напне св.

напнат (прид.)

И пиеја. Зафати едно општо пиење во селото и во пиење бараа одишка од напнатоста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Командантот постојано вршеше извидување и разместување на единиците и со напнатост очекуваше наредба за напад.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На нив можеме да гледаме како на темелни маниристички форми, но и како израз на силните напнатости меѓу природата и духот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како што пука едрото напнато од белина, така пред нејзините ширум отворени очи се развејува пената на денот, толку лесно се топи чадот од ефикасни формули за брзо заборавање...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Негативни искуства: корисниците можат да станат агресивни, напнати или депресивни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Илузијата што ја скриви птицата веќе не постои Исчезна и опашот и жолтиот клун и монистата на песната На гранките ѕвездени гроздови Зборовите паѓаат врз белината Сѐ е стокмено како во градите на будилник Безброј лостови ја држат напнатоста Прстите шетаат по ‘рбетот на времето Но гласот на сестра ми го слушам додека се обидува да го смести својот насмев на лицето на една исплашена кукла.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Насмевката од тоа стануваше разјадена, носеше некаква бледа напнатост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во секој момент напнатоста во тебе може да се претвори во некој видлив симптом.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не ги чувствувал ударите на гранките по лицето и трчал до распрснување напнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Такво какво што е, да го прими таа еднаш како свое, да се соживее со него, како со даденост неразделна и дел од сето она што го осмислува животот, бездруго и пред неа ќе се раскриеше онаа неизмерна убавина на многувиденото, напнатото и страсно завојување на никогаш доволно неискористеното и никогаш несвршеното секојдневие! Барем тоа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога мачката протрча крај неговите нозе и се изгуби на улица, напнатоста од рамото се спушти на нозете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка ми беше напната за тоа дали ќе ја најдеме зградата во која живее снаа ѝ Христина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со исфрлени раменици и напнати мускули се потпрел на ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина малку го релаксираат додека плива и додека неговото стежнато тело лебди над плочите од дното на базенот, додека тромаво се лизга над имињата, судбините и сенките на покојниците, обидувајќи се да не гледа во нивните симболи, во знаците неизбришливо издлабени врз стариот мермер на дното, што како за инает, водата ги мие, ги увеличува како под лупа, ги прави појасни и поблиски, скоро тутнувајќи му ги пред стегнатите очи и чело на покајаниот делегат на Комесаријатот за еврејски прашања, кој пливајќи се обидува да ја намали напнатоста што ја чувствува низ целото тело и да го одложи надоаѓањето на нервниот слом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа, додека девојката точеше пиво, со едната рака држејќи ја криглата, со другата рачката од чепот, со дојките предизвикувачки напнати, на неколку пати го крена погледот и загледувајќи му се право в очи на Еда, со искричав блесок што зрачеше од нејзините крупни сиви очи, милно му се насмевна...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дебелиот ремен просто отскокна, напнат, а после се вивна во едно бучно кружење, збирајќи ги по своето движење сите други делови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неподнослива смрдеа од пот, како несвесно сведоштво за напнатоста на неговиот живот, го следеше насекаде па дури остануваше и зад него, откако тој ќе заминеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од она, што го пиштеше сега неговиот глас, оптегнат како полна напната струна над целата Бела Долина, излез не постоеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе