напрегне (св.)
Го запре дишењето, го напрегна видот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секој од нас се гледа само себеси и ретко некој погледнува подалеку да ги види своите другари како напрегаат сили низ целата земја работејќи на големото дело на народната просвета.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Ти во оваа доба!“ Почувствува дека грлото му е суво, се напрегна: „Не ме очекуваше?“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Црна земјо штура земјо зошто си се отворила како ламја си зинала Попусто песната се напрегала и самата да се крене високо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ми се ругаа со најразлични коментари на незадоволни муштерии, иако после неколкумесечно напрегање станав професионална во својата услуга.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но игуменијата знаела дека во тој миг земјата испушта влажни воздишки, дека се напрега да се разбуди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дали луѓето заслужуваат да се напрегаш за нив?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се напрега да догледа нешто под себе, под своите нозе издолжени како на обесен човек.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Понекогаш непотребно се напрега да се сети: кој ден е денес?
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не се чувствуваше најдобро. Беше изморен од претераното напрегање, на грбот го чувствуваше студенилото од кошулата натопена со пот, а и нозете му беа мокри од снегот што му се истопи по чорапите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Додека сестра ми на сина си, моето кумче, веднаш му купи лоз, јас сега главно се занимавам со тоа што со часови си го напрегам мозокот, размислувајќи кој од оваа генерација, која, еве расте, ќе тргне по моите стапки, кој од овие бесни, убави деца што ги изнародија браќа ми и сестри ми, ќе биде црната овца на следната генерација?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кристалните прозорци светкаа, увото се напрегна и ја затегна својата слушна опна уште посилно — сите сетила на градот се раздвижија како некаква невидлива внатрешна луња, броејќи ги вдишувањата и издишувањата, скриениот и нејасен дамар на луѓето, слушајќи, гледајќи и вкусувајќи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се напрегам да им ги видам лицата на луѓето кои се како под превез, нивните судбини се ломат под фатот од моите прсти како иструлени парчиња од гранка на дрво.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Оние што беа свртени кон југ се напрегаа да ѕирнат зад голиот за да го видат неголемото плодно земјиште скржаво да затвори стотици гладни усти. Судбината - алкохоличар. Како тој.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ние зборувавме: „Да се биде луд е исто што и да се биде во опасност, да се прави обид да се викне за помош, а никаков глас не може да излезе од устата – грлото се напрега, и јазикот, и усните, а сѐ е попусто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но штом татко ќе ги спомнеше козите, тој сиот ум го напрегнуваше да го разбере што подобро.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тихо рече: „Гатанки не решувам а ти не напрегај се да ми ја прочиташ судбината од дланка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Некаде приквечер, кога капавиците од неговата стреа сосема секнаа, тој ја напушти таа празна работа и се тргна од прозорецот, изморен од напрегнувањата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
СИВИЌ: Премногу се напрегате господине Херцог. Ви треба одмор.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)