напредок м.

напредок (м.)

Па дури и технолошкиот напредок се случува само кога неговите производи можат на некој начин да бидат употребени за намалување на слободата на човекот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На времето, на трудбениците кога ќе наполнеа десет години стаж во кое и да е претпријатие им подаруваа рачен часовник со изгравирана благодарност за несебичното залагање и личниот придонес кон напредокот на претпријатието и на државата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа ќе потрае сѐ додека долговите не бидат платени, сѐ додека американското стопанство не биде способно своите задолжувања да ги намалува со зголемување на порезот и со мерки на штедење, сѐ додека европското стопанство не биде способно своите пазари да ги проширува на големи пространства, сѐ додека техничкиот напредок не ги деблокира кочниците што го закочуваат светското стопанство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Отворено му загатнав дека со новитетите закрепнува напредокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тој е еден од адетите, та не може да се изостави ако се сака напредок.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како што рековме, овие денови ќе ти се платат по два трудодена, а да не зборуваме за тоа дека со ова ти ја задолжуваш и целана наша Задруга, а исто така и социјалистичкиот напредок на нашено село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овој прстен носи среќа, љубов и напредок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие со стравопочит му се приближуваа на чудото на светскиот напредок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нивните хумористични емисии понекогаш се слушаа повеќе и од политичките говори.  Не само кадровикот, туку и директорот требаше поначесто да ги зауздува преку уредникот да не претеруваат, да не му наштетуваат на опшеството, да не му поставуваат непотребни сопки во неговиот бесконфликтен напредок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оној кој искушува на грешка тера напредок заговара унакажува, опседнува видлив и невидлив создава ли од ништо нешто страхува ли од пресекот на светот, крстителот?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Хуманистичко стојалиште каде се негува спојот на традицијата и напредокот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Напредокот во нашиот свет ќе биде напредок кон повеќе болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подобро нека ти го гледаат срамот одошто да крадеш, зашто во куќа каде се краде, - напредок нема!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие можат да станат опасни само ако напредокот на индустриската техника ја наметне потребата од нивно поголемо образование; но со оглед на тоа што воените и трговските ривалитети повеќе не се важни, и степенот на народното образование е практично во опаѓање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со развојот на телевизијата и со техничкиот напредок кој овозможи истовремен прием и емитување на истиот апарат, на приватниот живот на луѓето му беше ставен крај.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа не се случи, делумно поради осиромашувањето предизвикано од долгата серија војни и револуции, делумно затоа што научниот и техничкиот напредок зависат од емпирискиот начин на размислување, кој не можеше да преживее во едно строго устроено општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Венеција ми објаснуваа, ваквиот камен носел убавина, верност, љубов и напредок во сѐ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Постапката на Флобер да се пресмета со своето време, со претенциозните картезијанци во областа на граматиката, астрономијата, логиката, етиката, преку инструментите на хуморот, гротеската, ќе ги натера Татко и Камилски да изнајдат свои патишта и нивни слични инструменти во докажувањето на лажниот напредок на лингвистиката, најчесто ставена во служба на политиката, што беше мошне честа појава на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе