напушти св.

напушти (св.)

И не го напушта прашањето за тоа, кој ли можеше да го наклевети. И не само тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Скаменет ја успивам и последната ѕвезда И храбро го напуштам полето: - Може за друг црвенеат цветовите?!
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Само така можев да си ја повратам таа нејзина близина, да го обновам детството во себе кое, поради неа, никогаш не ме напушташе, но чиј интензитет се смалуваше со текот на годините.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во мене го селам на душите препевот на претците гревот и кога те напуштам и кога те очекувам како мугра лелекам и не преболувам само меѓу луѓето да ме распознаваш...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кон него веќе ројот од бубачки ита мравката тревата ја напушта црвецот кората и пчелата веќе кружи над пролетното чудо.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Драги патници времето е вонредно тажно целта неподатна летаме на опасни височини со душоломна брзина само уште неколку илузии и ќе се спуштиме на почетокот не размислувајте и не напуштајте го седиштето сѐ додека наполно не запре работата на срцето
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Античкиот град молкум го напуштаме ги памтиме звуците на животот пред катастрофата и се разбираме со чкрботот на забите и случајните крици кои личат на оние од мигот на уривањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мораше да го напушти станот и да се чисти поскоро од овој крај.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Секој си има по некое место што не може да го напушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако седнав иследникот му даде знак на спроводникот да ја напушти собата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луѓето и жените се искрадоа од своите куќи како лилјаци, ги напуштија софрите и леглото и ме обиколија прашувајќи што ми е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кучето го напушта коренот на оградата потерано од камшикот на студот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Откако се заситија од колењето и грабежите Турците го напуштија дворот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Веќе дамна го напушти фантазирањето со механичките имитации на животот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Другите деца веќе се беа придружиле кон своите мајки и татковци и во весел разговор и честитање ја напуштаа искитената сала.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сте ја напуштиле државата во која тој живее и работи!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Напуштена е и ја гризе забот на времето и нема никаков белег дека во нејзината внатрешност некогаш се враќаше животот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одамна моите сопатници сакаа да го напуштиме Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе