нарав (м.)
Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот на нашиот народ е важна причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија, зашто дележот ќе ни искорени сѐ што ни е мило и ќе ни наврзе многу противно нешто на нашиот народен дух.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со сличен нарав се, доблесни и полни со разбирање и гостопримство, чиниш душата ќе ти ја дадат.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сите песни во оваа стихозбирка, без оглед на нивниот нарав и должина, се подготвуваат за молк.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Крајно некултурно и нецивилизирано е да се однесуваат на овој начин, па, иако не е во мојот нарав, собрав храброст вербално да го решам случајот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Читал ли книги, ја криел ли својата нарав зад мудростите прочитани во нив?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Влегував и во кавгата како и во сите оние други нешта што ни ги наметнува во животот нашата нарав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Од пуста желба за совршенство, имајќи ја предвид мојата перфекционистичка нарав, се излажав дека тоа можам да го постигнам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Чекав да удри гром, да плисне порој, да дојде глутница седништа, за да ја покажам својата гусарска нарав, зол секогаш, сегде, кон секого.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Население: наравите и обичаите Колку е голема разликата меѓу киевјаните и московјаните!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Го пленеше добрината на својот полубрат, тивката и разборита нарав, братското чувство во нивната куќа во Битола.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Петре не го запикаса тоа веднаш, таа нејзина нарав и склоност да прави пакост на послаби од себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа ќе се случи и со Татковото третирање, според утврдениот поредок со Камилски, на зборот табиет, табиетлија, преземен од турскиот јазик (со арапско потекло) tabiat, tabiatli, присутен во балканските јазици со значење на нарав, ќуд, природа, карактер, обичај, навика.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Рицарска нарав - за таков секако се сметате?“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Твоите предци Буколовци, мили Сашо, биле со многу избувливи нарави.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Неговиот вулкански нарав ги плашеше присутните!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)