нарани (св.)
Очи црни ископајте да гледајат не давајте, раци машки прекршете срце лудо наранете.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Дури си мислел така Силјан, сам беше го оставиле во една одаја луѓето, чунки ошле да ги наранат имањето.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Што мајстори испречекав и наранив додека да се прередат керамидите, додека да се исчистат ѕидовите од големата соба и наново да се малтерисаат, додека да се подреди со штици чардакот, да се направат нови пармаци, да се заменат искршените стакла на прозорците.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Има, има - в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата има души наранети.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Кога ме викаа другачките, со стомните излегуваше баба ми - Јаглика наша глуждот си го шинала, брзајќи кокошките да ги нарани!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Го однесов петелот дома, му направив убава кошара, му оградив дворче во кое ќе може да шета и прета, го наранив со пченка, го напоив и го оставив да си го живее животот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
— Нејсе, — вели дедот Петко. — Дури да и нараниме маските, да се обујме, да се замиеме образ, па шо се вели, дури да поручаме, и времето ќе дојде за одење.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Неговиот пријател сликар го врзува со долга врвка околу стомакот за да може од време на време да го симне од таванот и да го нарани со каша од банани која ја спрема три пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Беше една прекрасна тишина, во која дури се слушаше како потплуснуваат сребрестите одблесоци на дрвјата, неа ја нарушуваше само понекогаш познатиот питом шум на неговото ѓаволесто срнче, што ги одбираше покревките сламки од сеното, со кое го нарани кога стана, тука, веднаш крај него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Трендафил раскажуваше дека тој ја чувал мајка му од кучиња додека таа одела по куќи да пита парче леб за да ги нарани синовите.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Тоа што свињите идат во вашата нива е поради неодговорноста на вашиот комшија кој забораил да ги нарани, а вие требе да седнете и очи во очи да разговарате за проблемот - сериозно му одговори Матновидецот кој перманентно беше облечен во зимска јакна затоа што во телевизијата немаше ни греење.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)