нарачан (прид.)
Ми требеше и дојде, како нарачан. Имам нешто да говорам со тебе.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ако се заврзе бој, камените гробови се нарачани за метеризи и заклон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На завртувањето погледот ѝ се сретна со очите од Крлета и само ги наведоа главите и продолжија напред, а Бојана позабрза и пред самата порта на Бисера ги стигна. Сите три фрлија поглед во дворот на Бисера и како нарачан го видоа поп Петка под лозницата — седи замислен, со некакви исчекувања.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Овој дефект ни дојде како нарачан. Имаме толку многу да си разговараме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Како нарачана оздола се зададе брачеда му Тода — Маловата помала невеста, на која Рожденката беше ѝ го открила пропаднатиот план и со која Неда многу добро се спријатели.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оваа новина го заскокотка Толета и уште другата ноќ му појде на Стевана на колибата и, како нарачан, го најде и него со синчето Митрета заедно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Може да ви е нарачана киската, вели Маса Кулумоска, дали клале леб на киската, како го скршиле лебот, вели, и дали фрлиле пушка?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А сега и довека нарачан со Божјо име Захриј, послушен до гроба, безмолвен раб на Бога.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А тој срам најмногу нараснуваше во моментот додека му го предавав нарачаниот текст на директорот на весникот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со помош на овој овде генерал без војска, а со една глупава сестра каква што сум јас, го направивме тој Бане секретар на едно претпријатие, со поткупена диплома и нарачана препорака.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ти цртам кревет, нарачано будење пладневно, Штраус на екранот, ладна прасетина во фрижидерот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Нешка, којашто како нарачана влезе на малата врата, извика со восхитен детински глас, небаре најмилиот предмет го виде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Та, кога скокнала Антица, тој се нашол како нарачан и ја дочекал на раце, та ја спасил. И така на раце ја донесол горе.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Бидејќи беа нарачани од вечер по еден од куќа, а се погоди недела, црквата се наполни со народ.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
ПИВКА - Некоја пивка (т.е. мирна и блага) Мивка си пивкала пиво во една пивница, чекајќи си ги нарачаните пивтии. Кога во тој момент се слушнало „пи-пи!“ како пиле да пивка. Дошол пивничкиот детектив и од под капутчето на сиротата Мивка извадил едно пиле. „Бриши одовде, Мивко!“, рекол детективот. „Кој видел пиле да пивка во пивница?!“
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)