наросен (прид.)
Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ане шмркна и потоа со горниот дел од раката што го држеше парчето леб малку наросено од сирењето, си го избриша мрсулот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во полукружниот агол - наросено гнездо.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
МАКЕДОНИЈА (се викам, името не си менувам) Лулка на желбовиденија, со наросено лице...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)