нарцистички (прид.)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се појавуваат Љубовни парови од сите „нормални“ видови, па потоа хомоеротските парови од женски и машки тип; нарцистичките „автисти“, хермафродити, первертити... цела една галерија на сексуално однесување каде што залудно ќе ја бараме Љубовта ако таа не е „ласцивна“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не можам да мислам на Бојсовата уметност а да не помислам на забелешката на Хајнц Кохут дека „нарцистичко пореметените лица се наклонети кон тоа да не можат да почувствуваат топлина или да останат топли.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со тоа модерното општество го продолжува тоа чувство на зависност до возрасното доба, се појавува кај луѓето кои во други околности би морале секако да ги ограничат своите слободи во своите лични области - ограничувања што се иманентни на самата човекова положба - со развивањето на своите раководни и деловни компетенции, со развивањето на скалесто поставените нарцистички состојби.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)