наседне (св.)
Сите го запреа здивот за да можат да слушнат што ќе биде и кои се овие наседнати на масата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наседнаа сите околу штицата и почнаа да земаат од качамакот и да макаат од солта.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога ги скротнаа воловите, не почнаа да играат комитски игри како секој ден, туку наседнаа на една ледина и заумено молчеа како тие да беа оние што требаше да видат што ќе се прави сега.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Онака како што бев клекнат пред старите што беа наседнати на гредата пред задругата, ја прибрав торбата со книгите и сиот станав уво.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ме издадоа нозете и си го наседнав опавчето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама и како да не беше гроб туку некоја мермерна трпеза околу која беа наседнати дебелкави и дебели тркалезнообрзани луѓе, сите облечени повеќето во униформи, со тешки ордени на градите, со златни колани и позлатени гранчиња на капите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Потамина сврте в десно и се спушти надолу каде што здогледа паркче и спроти паркчето кафеана каде што, околу една маса поставена надвор, беа наседнати тројца возрасни луѓе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Погледна преку река, а таму децата наседнале на гредата што ја имаа спрострено на другиот брег, и ситејќи му се, го гледаат што ќе прави.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Немам причина да измислувам, сѐ што реков и вистински се случуваше, а јас дури и се обидував да ѝ ја задржам раката на Катерина во мојата за да не мавта бидејќи светилката во собата гореше и нејзиното однесување веројатно се чинеше неприлично: девојка, само делумно покриена со лесни ноќни парталчиња, им мавта на поетите наседнати по високите гранки!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ќе си ја наседне со газот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јадења од разни сорти и вино во големи златни пехари, по трпезите долги поставени а преку нив сите наседнати.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Спроти нив, на другиот крај од просторијата, наседнати се двајца претставници на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, секретарот на партиската организација, претседателот на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, претседателот на синдикалната организација, претседателката на младинската организација, потпретседателот на Сојузот на борците и две жени, веројатно претставнички на женската организација.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа би значело да наседнеме на онаа иста разлика зададена од неговите идеолози: разликата која ги исклучува сите посредувања, помеѓу автентичната и дегенерираната култура.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Потамина тргна по улицата нагоре, излезе над село, сврте по друга улица да се враќа и наскоро пак се најде на средсело пред продавницата што уште не беше отворена, но таму, раштркано, веќе беа наседнати пет-шест постари жени, два-тројца исто така постари мажи и едно девојче со отворен уста, убавко, но по изгледот тутулаво.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Што си ја стиснала толку меѓу нозе, ми вели, што си ја наседнала под газ?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На сцената се покажа: долга дрвена маса, околу која беа наседнале седум осум селани, еден граѓанец и едно младо попче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Меѓутоа Климент Камилски не сакаше да наседне на идеологизацијата на османскиот период, чија виктимизација започнува од балканските војни, кога вредностите на заедничкото наследство ќе бидат доведени во прашање.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ме нагнетија ко во грнец, во ќуп, си ги наседнав петиците со газот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кој ми тежеше мене ноќеска, вели, кој ме наседна ноќеска мене?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)