наследи (св.)
Титулата на цар Душан се објаснува вака: тој признава на Балканскиот Полуостров две словенски држави: Бугарија и Србија и една несловенска – Византија; Србија со завојувањето на византиски земји сака да ја наследи Византија, но со тоа зема земји што можат да бидат и српски и бугарски и коишто не се бугарски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Та нели искушенијата ваши само покажуваат дека Бог правилно ве проценил и оти вистина сте достојни да го наследите царството Негово, за кое и страдате?
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Оваа куќа ја наследив од еден мој близок роднина. Во нејзе стапнав кога дојдоа првите колонисти од Македонија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше свеќар. Занаетот го имаше наследено од татка си кој со турците знаеше добро да преговара, да се пазари и без проблеми од нивна страна да склучува добри зделки со христијанското население во Македонија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Само кога ја заштитуваше со средства против молци, си ја облекуваше, се гледаше на сребреното огледало, што го наследи од својата мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Блажени се оние кои плачат, оти ќе се утешат” Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Овде секој камен си ја носи својата мисла, времето е нагрнато со камена кошула, секој камен наследува камен, се крепи како камен додека најсетне не папса од толку многу помнење.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Навистина тогаш мислел на одмазда, во родот чија крв наследил се знаело за неколку одмаздници ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Живеејќи отсекогаш во блискост со големите француски писатели чии дела ќе им ги открива на своите студенти во Скопје, пред да стане амбасадор на својата земја во Париз, Старова ќе ја наследи и традицијата на убавото пишување: настојчивост и строгост во функција на смислата од каде што ќе се роди, како искра меѓу два силекса светлината...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како да бев наследил дел од балканската историја со која Татко не можеше да излезе на крај и ми ја оставаше на разрешување, во мојата младост, сѐ до доцните години на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И така, јас останав без темелна верска наобразба и култура, а го немав наследено ниту спокојното верување на моите родители, особено кога ни беше тешко во животот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Го наследив неговиот немир кој се чувствуваше во растреперените прелистувани страници, во тајните записи, закопани некаде близу во земјата, како на вистински закоп Чунот кој нѐ спаси таа немирна есенска ноќ, макар што ја мина границата вардена од подводниот змеј, според татковата навигаторска стратегија во животот, не престануваше да броди во имагинарните балкански немирни бранови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше сигурно дека бев наследил дел од татковата тишина која подоцна ја откривав меѓу редовите на неговите дамна читани книги, во дамките разлеана пепел од тутунот на занесните читања како негово живо присуство, многу години по неговото исчезнување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Огледалото се наследувало, низ неколку генерации, од мајка на ќерка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Суровост на Господа, во чија чест девиците опиени од дрогата и звукот на тапаните рамнодушно се фрлаа во бездната, тој, синот негов, ја наследуваше во генот, па неговите поданици ја примаа како боженски дар.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во СССР Сталин, откако ја наследил врховната власт од Ленин, прецизно пресметал дека СССР доцни околу седумдесет години зад европскиот запад.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Лесно им е на оние кои од старите наследиле врзопи дукати, а моиве ја продадоа најдобрата ораница за да го направам куќарево.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во мојот живот, како да ја наследив татковата и семејна судбина на егзилските парадокси, кои секогаш на животот му даваа сосема подруга смисла и го поставуваат во некакво неразбирливо и апсурдно наттрчување со неумоливата историја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Природно ме следеше неумоливата судбина на парадоксите, наследена од моето егзилско семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)