наслика (св.)
Чудно е зошто не замолил да биде насликан нејзиниот глас што момчињата го носеле како молитвеник во рацете.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Со самото видување почувствував желба да ја насликам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
За десет дена наслика десетина платна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ми се чини оти успеав да ѝ го насликам записот на годините врз лицето, сјајот на самотноста, тишината со која таа разговара со рибите во езерото, гласот со кој ги довикува пилињата и кутрињата, жужалците и светулките...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Рекламите насликани директно на ѕидовите „преземаат“ цели згради, се прошируваат и преку рабовите на зградите, за на крај да ја проголтаат целата зграда.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Времето се лизга низ моите нежни години, а се плашам од минатото, од просторот и времето застанати во еден миг, а секој миг претворен во слика насликана на платното на очајот која секоја вечер ме враќа на местото на злочинот, обоено со агонијата на немоќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
На аголот на калдрмираната улица влегов во дуќанот со жолта фирма, на која неспретно, но детално беше насликан часовник.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
За Ботеро, сѐ „има место да постои“, фалшивата затвореност треба да се предаде, да се отвори; потребно е таа да се покори и да ја презеде формата затоа што, како што велеше Монтењ, ние немаме „никаква врска со битието“ и, значи, можеме да го насликаме само „пасажот“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Користи го талентот да насликаш или напишеш нешто.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Барем на половината од нив беа насликани погрешни ликови !
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еве, сега ќе цртам за приемниот испит, прво ќе го насликам портретот на баба ми, па твојот портрет и на крајот ќе си направам автопортрет.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Секој документ е уништен или фалсификуван, секоја книга е одново напишана, секоја слика е одново насликана, секоја статуа, улица и зграда е преименувана, секоја дата е променета.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Весник на жителите на Алпите, 01.01.2002 Потпурито од бои – лексички насликано со разноразни зборообразувачки творби и метафори – во Времето на козите од Луан Старова го отсликува и потцртува емоционалниот свет на Балканецот кој се регулира преку силната меѓузависност кај човекот во однос на природата и на животните што се одомени во овој регион.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Мештаните продаваа на пазарот дрвени сувенири – делфини со младич на грбот, а истиот мотив, насликан на школки, сервис за јадење, на пепелниците и на постелнината нѐ напаѓаше од сите страни на новиот, луксузен хотел „Делфин“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но подоцна сакал да наслика и ѓавол како сушта спротивност на ангелот. И пак почнал да бара модел за ѓавол.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сакаше својата исповед да ја наслика како слатка одмазда за она што ѝ го нанесе Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мојата помисла во моментот беше дека се наоѓам во една од сликите на Ван Гог во која е прикажан чемпрес, а зад него се ѕвездите и целото небо, насликано како на крај од огномет.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)