настани (св.)

Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Метафора настанува во соодносот меѓу далечните нешта кои ја сугерираат смислата без да ја променат супстанцата на тие нешта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега да видиме дали од гледиштето на другата, т.е. Јагиќевата теорија за образувањето на јужнословенските народности може да се објасни со настанувањето, при сегашните политички околности, на една нова македонска словенска народност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оној што ова го раскажува, прв дошол на мисла да му го испита и да му го разбере настанувањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Идеализмот го отфрли објективниот свет, но неговата формална логика не можеше да го замисли единството на два спротивни поима, нивното пораѓање и настанување еден од друг.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Падна во постелата со очи ширум отворени и се настана во Господа ангелската душа на царската ќерка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мноштво од тие цртички е составено врз основа на критериумот на тематска сличност или стилска блискост; некаде се следи и хронолошкиот редослед на настаните или на настанувањето на „отпечатоците на хартијата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува позначителна штета нему или на неопределен број лица, како и да се воздржи од дејност од која произлегува вознемирување или опасност од 216 штета – ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Палимпсестот е метода на работа со која настануваа и двете книги на Џарман.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние знаеме многу малку и непрецизно за тоа како настанува оваа варијабилност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Судијката се накашла гледајќи во мене. Потоа за миг настана тишина. Миг што траеше цела вечност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа настанува кратка пауза, во текот на која Сухов се прави како да се присеќава на нешто, и потоа почнува да вергла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во окружувањето со компјутеризираните алтернативни светови, судбински се менува и топосот на уметноста, бидејќи уметничките облици настануваат со помош на дигитализација, а егзактните научни дисциплини веќе не можат да се раздвојат од уметноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа беше радоста што ја предизвика таа осамена капка, што настануваше некаде во стреата, близу оџакот, се откинуваше од снегот и паѓајќи удираше во некој предмет што ѝ помагаше да го везе своето „так, так“ и да ја мрешка тишината на сопчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поради драстичниот пораст на изјавени сексуалности со друга природа, се случува паралелно со појавата на поимот метросексуалец, па настанува конфузија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имателот на предметот се ослободува од одговорноста делумно ако оштетениот делумно придонел за настанувањето на штетата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ме одби мене за свој дом, не ме настани во Него, и не се зарадува срцето мое во Господа; и Господ ме остави од денот кога дојде мојот душогубник, оној кој конечно ме фрли во страдање и несреќа: Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Значи овде настанува лапсус, грешка на Богот наш семоќен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Подготви ја постелата. Сѐ настанува од зрелоста на љубовта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Повеќе