настрада (св.)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ние немаме што многу да настрадаме, но Дуковци, кутрите ќе видат беља. Уште и не дожнеале...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Многупати се случува да настрада кутриот од некое мувиште што ненадејно ќе му влета в уста.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во шифри пишувал дека државата не може да опстане во зулуми, со што на крајот, би настрадала и војската на исламот (јаничарите), потсетуваше дека во неговата албанска земја има вигани, кои вредат за десет јунаци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но Византија најмногу настрада од народот Бугари, од монголско племе, што опустошуваше сѐ што ќе му допадне во Византија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако не ме заболеше бубрегот, немаше да дознаам дека имам повишен холестерол, па можеше да ми настрада и жолчката.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Уличниот хероин рапидно варира во чистотијата така што и искусните корисници можат да настрадаат од овердоуз.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Кога ќе се разбудам попладне, прва задача ми е да проверам дали е дома велосипедот, постојано стравувам дека негде патем можеби случајно настрадал – ми ги доверуваше Господ мачнотиите на својата живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Многумина настрадаа, долго време криејќи ги козите, но спасуваа други семејства, со деца и со старци на кои им беше неопходно козјото млеко за преживување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И тргнале. На излезот од сокачето не внимавале и веднаш тука настрадале.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И неговата, како и Татковата библиотека, можеа лесно да настрадаат, заедно со нивните господари, доколку се најдеа под острото инквизициско око на режимот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И не настрадуваа само житјата и бавчите, туку и овчарските кучиња: ќе се здавеше некој овчарски пес со нивните, со `ртките и со загарите, а тие ќе го земаа на нишан со пушката и наместо мртов ќе го оставеа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ајде да ги закопаме борбените секири! Може и да настрада некој.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сега, поради едни велосипеди можеме дури и сериозно да настрадаме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко се насмеа, а Камилски му рече дека тоа е неговиот таен дел на библиотеката, во која некогаш криеше книги поради кои можеше лесно да настрада, па наместо во библиотека да се минат неколку години во затвор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И настрадал, кутриот, заради тоа што добро правел.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тука многу народ настрада. Тука загина и капетан Мирковиќ.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Многу деца настрадаа, ни рече Огнен Ѓорго и затоа не ви треба да ѓибате. Ако видите нешто, забидете го, опулете му се и заминете си. 221
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)