настрани (св.)
Камионот настранува и се исправа и кашла среде оглоданиот предел од зелени смреки и темни, препланети грмушки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тргнав кон Брезница, влегов в село и гледам твојата куќа прва и настранета така како заради мене да е правена, за тој што ќе ми биде јатак.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Товарот беше набран и дрвата настранети.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Неколку пати се настрани да падне, но двајцата сејмени што ги определи Суљо да пазат, навреме ја задржуваа едниот од едната, другиот од другата страна.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Србин се настрани, му направи место и одкако доста се изнамачија, се сместија, заспаа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Е, добро, ама штом едно ќе тргне направо, друго ќе почне да накривува, да настранува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кампот служи за да се издишува претензијата, да се растура хиерархијата и да се запомни дека сите настрани се стигматизирани и дека никој не заслужува достоинство што е за сметка на туѓ срам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но тие не пренесуваат како се чувствуваме; не можат само со своето присуство да го втелесат нашиот емоционален свет, нашите копнеења и стремежи, нашата сентименталност, нашите задоволства, чувствата што нѐ прават настрани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За малку младичот ќе влезеше прв, но човекот во сина облека ја стави раката на задната страна од вратата, се настрани и на селанецот што беше зад него му рече: - Влегувајте, молам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А ми се настрани самарот — мажот со мене, децата за рака ќе си се дела, ако сака прескакулица нека игра со нејното“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стрејт-културата секогаш ќе ни биде првата култура, а она што ќе го правиме со неа секогаш ќе воспоставува некој образец за понатамошните, настрани односи кон стандардните културни облици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Односно, таа можеше навистина да пренесе нешто уште погеј од самиот геј-идентитет.145
Вака слично, младите геј-мажи денес очигледно и понатаму наоѓаат значење и вредност во артефактите на хетеросексуалната култура што не биле создадени за нив, но кои можат да си ги направат свои и на кои можат да им внесат разни настрани значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Предметите од културата што не содржат експлицитни геј-теми, кои не ги претставуваат геј-мажите, туку им даваат на геј-мажите можности да ги колонизираат и да ги претворат во преносители на настрана афирмација за нив се неминовно заводливи: нив геј-машката геј-култура постојано си ги присвојува и ги преобразува за настрани потреби.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)