натамошен прид.

натамошен (прид.)

Тој не можеше да сфати дека дури подоцна ќе биде разработено и дооформено четивото кое ќе послужи како материјал за откривање на вистината и како лектира во натамошните стручни расправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак, тоа беше првиот меѓународен акт што се однесуваше за Македонија и врз кој се засновуваа сите натамошни акции на Македонците во борбата за национално ослободување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Натамошниот тек на авенијата е во изградба и крајот не се гледа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Уште пред капитулацијата на кралската југословенска војска, нацистичка Германија ја повикала Бугарија да окупира поголеми делови од Македонија и Јужна Србија, со единствена намера да се ослободат германските единици за натамошни воени дејствија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Беше едноставен, тивок, умерено срдечен и нагласено службен во изложувањето на задачата што ми ја даде: до крајот на април да поднесам извештај за првото тримесечје во вид на лични согледувања на постигнатото и за методологијата на работа со евентуални сугестии за натамошното дејствување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Претстоеше нова дебата која беше решавачка за натамошната работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ни самиот Мисирков не е задоволен од нив, но ги прифаќа како важен почеток и во нив гледа можности за натамошно проширување и разработување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Партијата веќе зазеде цврсти ставови за натамошната акција против козите, дадени се директиви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко не можеше да ѝ се начуди на промената на Камилски: на почетокот радикален пуританец, кој беше за пресметка и отстранување, како што велеше, на опасните турцизми, а сега дури стануваше толерантен и помирлив кон нивната натамошна употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа треба да ти биде појдовна точка во натамошното размислување.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и да завлезеа понекогаш во некоја расправија што би можела да се претвори во кавга, почитта што Бојан ја чувствуваше кон возраста на Кирил, го задржуваше од натамошни расправии, го присилуваше да се согласи со него, да попушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татковото натамошно излагање сигурно одеше во духот на Климентовите очекувања.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се надеваше единствено дека тоа ќе го искупи со натамошната своја практика, кога како самостоен ќе може да ги применува новите методи на терапија напуштајќи ги веќе вообичаените на неговите претходници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Верувам дека неговата натамошна работа ќе биде плодна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не очекуваше таков пресврт, толку големо оддалечување од темата на башибозукот, но суштински останувајќи позадлабочено на смислата на неговото натамошно лексичко постоење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доктор Миха во моментот ги откажа натамошните приеми и прегледи, се погледна дали е доволно спастрен за да се истопори пред власта, и јурна со колата кон полициската станица за која приближно знаеше каде е, но во која никогаш пред тоа не беше стапнал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За крајот: во нашето училиште сите се трудат да не научат дека - ЗАГАДУВАЊЕТО на природната средина најдиректно го доведува во прашање и самиот процес на натамошната еволуција на ЧОВЕКОТ!!! ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе