нафрли св.

нафрли (св.)

Кој каде се наоѓаше бараше камења да се нафрли на бунтовниците и со тоа да си го излее јадот над овие непокорни ѓаури.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама јас и понатаму не можев да разберам зошто даскалот со толку манија и пизма се нафрли врз дедо?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Внатре по клупите и наземи лежеше багажот нафрлен без ред.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дури починуваше војската, летна квечерина се покажаа некои црвени ветрови низ полето што се нафрлија врз тревата Ја легнуваа, ја кршеа, ја фрлаа час ваму – час таму Ја креваа, ја корнеа од земјата Та до мајчина болка низ ветрот пиштеше горката коските како да ѝ ги расчинуваат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Илузиите на самиот српски народ пак не се безрезултатни: во случај на војна за Македонија со кого и да е, Србите како еден сите ќе се нафрлат на непријателот, -српската војска со најсилно патриотско чувство ќе се бори за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Луѓето со лопатите нафрлија каллива земја врз чаршафот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Немскиот класичен идеализам е продолжување, во филозофијата, на идеите што ги нафрли епохата на великата француска револуција и кои во специјалните немски услови на општествениот живот добиле специфичен вид.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Мислиш е нафрлена со нешто, а не сака да ја видиш да се почеша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тогаш дојдоа мравки црни петна врз бела руба тревата да ја влечат во дупките и птиците во јата се нафрлија на дворот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Набрзина ги нафрла работите во торбата и ја остави до вреќата со солта и тенеќијата со газијата и му рече на Бабовчето да постојат тука додека да го продаде сирењето, да земе пари, да му ги плати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа ја запече малку сланината, ги нафрла во тукот колбасите и, да се покаже пред новата јатрва салам домаќинка, стана, извади од вратките на ноќвите едно грне полно со јајца и удри да крши врз колбасите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури се раздени, јас веќе целата се нафрлив со пликови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали две години имаше: го нафатија некои мозолчиња, на слапој му се нафрлија, нешто како сипаници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веднаш Трајанка ја одведоа позади куќата зад амбарот покривајќи ја со еден голем плетен кош од прачки врз кој нафрлаа слама. За да ја сокријат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На нозете му се нафрлиле живи рани, сараџи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За инает, и надвор од себеси, се нафрлив на приклучокот за антена.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Треба така да изгубив многу време зошто кога погледнав зад себе видов не само дека мека мојот мртовечки сандак веќе е спуштен во гробот туку веќе и дека земјата во него е нафрлена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дечиња си играа, се валкаа, прескакаа едно преку друго сѐ дури огнот не ја префрли оградата и не се нафрли на усамената куќарка на старичката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Времето врви, а раната никако да заздрави. Ми се нафрлија некои зрнца, некои меури. Почна и гној да збира, да скапува месото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе