нахрани св.

нахрани (св.)

Стана обично и да ми помогне околу ручекот и да ја нахрани Ели, да ја облече, да ми ги провери домашните задачи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чуму си црна јаловице Умри, Врз каменот името ќе ти го напишат Дождот ќе го разнесе Дождот ќе го разнесе Земјата да ја нахрани.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Го одведоа во топлиот мравјалник и го нахранија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еден овдешен граѓанин вели дека доволно е да имаш малку памет малку среќа ил само среќа и иницијатива, за да можеш да спечалиш барем толку за да се нахраниш со она парче леб и риба што се продава во кајаците кај „Галата“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа мораше самата да го нахрани.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Откако ја нахранив и преоблеков во чисто Ели ја пуштив да игра во дворот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оваа гостилница можеше да биде која било просторија и да биде каде било; оваа гостилница не беше Нахрани ја торбата, која нему му беше позната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со две плати, ќе биде подруго. Барем ќе си ги нахраниме децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Другиот ден мајката замеси леб од брашното што го зеде со купони кога бакалницата на капиталистот што живееше до црквата се национализира за да се нахрани гладната работничка класа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега беше најголемата грижа како да се нахранат, да се школуваат, да се изведат на пат петте деца, во годините на сиромаштија, далеку од блиските, со одземен имот и со загубена надеж за враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Невестата Митра си ја знае својата работа. Рано ќе меси, крмакот ќе го нахрани, вода ќе залее, тиква ќе кладе да се свари, слама ќе извади, вечера ќе пригоди и денот поминал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отишле во уште поголем град и се пријавиле во циркусот што токму тој ден заминувал од таму; ги примиле само како знак на добра волја, да ги нахранат и да ги превезат во уште поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со компирите што му останаа ја нахрани Стрела, која, сѐ уште исплашена и истоштена, лежеше крај огништето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја подигнав чинијата за да ѝ дозволам на свекрвата да ја нахрани мачката, но мачката стана и тргна накај другиот дел од долапчето, близу до мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ДЕПА: Сѐ ми е умов во говедата дали ги нахранија!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во тој свет на маалото имаше населено, пред војната и по војната, луѓе од сите страни на Балканот, но и надвор од него: Македонци, Албанци, меѓу нив муслимани, католици и православни, познати како Шкрети, Турци, Срби, Ерменци, Грци, Бугари, Власи, Хрвати, Босанци, Роми, дури по некое руско семејство и други, сите поврзани со заедничката грижа на опстанокот на семејствата, како да ги нахранат децата во гладните времиња, принудени во едно време да чуваат кози, да се здружат со козите на козарите, повикани од режимот од планинските села, да станат работничка класа, но набргу козите од други причини им беа одземени од козарите и ликвидирани, а козарите не станаа никогаш работничка класа каква што ја замислуваа архитектите на новото комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе