нацрта св.

нацрта (св.)

- У секое време можам да им свртам, одма ќе се нацртаат тука за мене.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Утредента учителката им рече: - Покажете ги сега блокчињата да видиме што сте нацртале!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Учителката ни рече да нацртаме маче. Сакам јас да има најдобар цртеж но не знам да нацртам маче. Ќе ми нацрташ ли ти?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Нацртав на белиот ѕид човек и после го размачкав та тој личеше на весел црнец со големи уши и малку танки нозе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
На едно место на мапава сум нацртал круг со фломастер.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Да, подобро ќе го нацртам. Не можам од памет...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На исто таков начин се нацртани и нозете, само што тие раснат рамно со главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ беше многу убаво нацртано во бои.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сакаш ли да ти нацртам голема чешма?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И Милка го стави своето блокче и го отвори листот на кој беше нацртано мачето.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Од едната страна беше нацртана детелина со четири лисја, од другата коњска поткова.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сето тоа Лазор го гледа од под веѓи и зашто отпорано знае што има нацртано на внатрешната страна на тутурката, планот на Потковицата, си дума и се надева дека можеби не се собраа за да го ругаат него, дека можеби и овој пат ќе разговараат за тоа за кое од смртта на татко му на Максима наваму секоја година ова време разговараат - за барањето одобрение за ѕидање црква, а годинава за барање одобрени за ѕидање и на општина и на училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ти ќе ми го нацрташ поубаво.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зедов едно гранче и нацртав на земјата палјачо со најголеми чевли на светот и само малку помала уста од тие чевли.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
За да си го претставите поубаво, ви го нацртавме!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- На онаа во која детето го нацртало цветот, па кога тој овенал и исчезнал, детето ја имало неговата убавина во своето блокче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се наведнав и нацртав на влажната земја авион, а на едното негово крило го нацртав за спомен Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
На Ане пижамите ѝ беа бели, а на нив имаше нацртано човечиња што возат точаци и ролшуи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе