највисок (прид.)
Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Првите два сончеви зраци паѓале точно над македонските полиња, каде што според сите природни погодности и прилики морало да се добијат највисоките приноси.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Така велат доселениците од Македонија за пропаѓањето на Венеција: ако било пишано да се пропаѓа, тогаш нека се пропаѓа барем отмено, сосе Венеција - живо сведоштво дека на селидбите на Македонците сепак не им се гледа крајот и од највисокиот морски светилник
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Феудалниот поредок во негово време го достигнал највисокиот развој.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во типологијата на писмото, алфабетот го зазема највисокото место затоа што претставува најекономичен систем во поглед на количеството на знаци, неопходни и достатни за потполно бележење на говорот и за пренос на информацијата на растојание.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сето тоа го прави овој роман достоен за највисока книжевна и културна почит од меѓународни размери.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тишината може да се смета и за највисок домет на јазикот, тишината може да биде составена од зборови кои не се кажани или запишани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се искачи на највисоката точка на центарот и безнадежно разгледуваше. Ништо не виде.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќе ја направам од железо и тоа ќе биде највисоката кула во светот“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Највисоките претставници на дипломатскиот кор беа построени како убаво наредени и украсени големи саксии со цвеќе во свечената сала на УНЕСКО.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа во записникот се вели дека, според проектот, водата од акумулацијата ќе достигнела највисока точка од 52 метри.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ѝ го подигна највисокиот споменик во црн мермер, а покрај нејзината си ја залепи и својата фотографија, со годината на раѓање и цртичка за годината кога ќе ѝ се придружи на сестричката.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бидејќи целата вселена ја сфаќаше како применета логика на „светскиот разум“, тој затоа и ѝ даде на оваа логика најголемо значење, ја издигна на степен на највисока наука, го виде во неа здобиеното целокупно знаење.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Тоа беа врвовите од крошните на највисоките буки, со кои беше обрастена сета таа угорница, која тој требаше да ја искачува целиот иден ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа и трите букови стебла биле највисоки во шумата на која никој немал тапија, ни везир ни валија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тука меѓу луѓето кои преку генералските униформи имаат облечено фракови и се членови на елитно ловечко друштво во кое како највисока награда се добиваат еленски рогови и каде што на секоја реплика меѓусебно си разменуваат скапоцени подароци, главно оружје.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Клупата е веднаш под високата авлија преку која ни највисок човек не би можел да погледа преку, на улица. Дотаму е моето излегување.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Така доаѓаме во парадоксална ситуација во која највисокиот правен акт на една држава, којшто симболички и правно ја втемелува таа држава, всушност е нешто што со својот недостиг од легалитет и легитимитет го оспорува легитимитетот и на самата држава.10 4.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)