најгорен (прид.)
Стварноста го врши својот притисок само преку потребите на секојдневниот живот - потребата да се јаде и да се пие, да се има засолниште и облека, да се одбегне проголтувањето отров, или скокањето од прозорецот на најгорниот кат и слично.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Вотната во партизанските пантолони на Димостена и забрадена во една ветва шамија копаше дупки по падините на Водно, и така облечена со тезгере влечеше малтер до најгорниот кат на егејската зграда, само сега не мора така да се облекува, убаво ѝ стојат било какви фустани.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога ќе се стигне на најгорното од тие скалила, се свртува лево, преку простран ходник се влегува во широка и длабока, сала, богато наситена со виделина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кулите, и ден-денешен го имаат тогашниот изглед: надвор немаат балкони и покриени се со старовремски ќерамиди; внатре, пак, на најгорниот кат, имаат една единствена одаја со четири, на секоја страна по еден, големи шимшир прозорци и камени поѕидоци - миндерлаци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Набргу по заминувањето на внучињата на Петра и Костадина, работниците слегоа до последниот кат, Пелагија и другите го симнаа сето ѓубре од најгорниот кат до првиот, го собраа на куп пред самата зграда и додека ги зачистуваа пенџерињата и вратите, поминаа неколку комисии врзани со приемот на зградата, па почнаа да се точкаат сопствениците на становите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Штотуку беше се спремил да си се прибере во своето легло, тој забележа како некаде на самиот најгорен крај на голината прострелка една сосема поинаква црнка, а после, наполно откриено, таа зеде да ја крстосува неа со своите високи скокови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Лозјето му се наоѓа меѓу најгорните, под самата планина.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И Мајка си имаше еден свој дел меѓу Татковите книги од најгорниот рафт, на средишниот ѕид на библиотеката, каде што беа поместени светите книги: Куранот, Библијата и Талмудот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Роботот крајот на 50-тите години биле многу примамливиот концепт исти, така нечија личност се обидувал да ги нареди изградени едноставни мрежи дека физичката машина блоковите, упорно почнувајќи што учат, но ниту теоријата ниту (компјутерот) нема никаква може да биде кодирана од најгорниот, оставајќи ги да технологијата биле доволно врска со функциите кои ги во слична форма па така висат во воздух затоа што никој развиени за да се добијат пресметува; што можеш да чувството на свесност не му кажал за гравитацијата. значајни резултати.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Додека не стигне до трисобниот комфорен стан на најгорниот кат, жена му има време уште еднаш стравствено да се прилепи до телото на младиот љубовник, да го турне во лифтот, да се врати во станот и да чека две минути, три.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
На најгорната кота - костени, на најдолната големи камења, чалија со колку прстот боцки и отровни змии меѓу садинакот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)