најмал прид.
најмалку прил.

најмал (прид.)

Не еднаш Русија ни има речено оти таа не ќе пролее ни една капка крв и не ќе ни даде ни најмала материјална помош ако ние Македонците подигнеме востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе си спомнеше на вечноста најмалото пердувче му затреперуваше од среќа и тогаш белиот какаду ќе крикнеше бело среде ливадата на самоубиственото молчење.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Толку му треба за да види се што има во најмалата, најнепознатата, најскриената државичка на светот, чудната земја Дардаванија.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Најмалиот брат на татко ми секогаш доаѓаше со полн багажник играчки од Германија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И најмала случајност понекогаш ти носи смрт или те остава во живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Супермаркетите, плацевите за половни коли, крчмите што имаа правоаголни прозорци од стакло и тули, блескаво новите автомобили, што беа изложени и можеа да се видат низ прозорците од дебело стакло, продавниците за електрични апарати, продавниците за мебел, цвеќарниците, козметичко-фризерските салони, целиот нов трговски центар, кој брзо се изгради, едновремено со геометрискиот станбен дел од градот на рамниот терен, сите наизменично се менуваа и не му разбудија ни најмала емоција и тој не можеше да ги препознае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трети ќе најдат оти јас проповедувам некаква надеж за поправување на Турците спроти нас и на европските реформи во нашата татковина, кога досега јасно било докажано оти ни Турција сакала, сака и ќе сака реформи во Македонија, ни големите држави се наклонети да ја принудат Турција за да ни даде некакви, па и најмали реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа сметаше дека грабнувањето на двата стола е всушност најмалата казна што можела да ѝ се одреди на кафеаната со оглед на сите вознемирувачки ноќи што ни ги приредуваа гостите на овој локал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас бев најмалиот и најстариот брат ме држеше во пазувите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само седеше стуткан, неспособен ни за едно најмало движење и чекаше да биде што ќе даде господ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го познаваше механизмот на часовникот до најмалото шрафче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Задружна работа е возможна само во најмали реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како што може да се забележи, во споредба со претходните закони, законот од 2006 година предвидуваше најмали поволности и најтесна категорија невработени лица преку чие вработување можат да се користат поволностите од овој закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш живеев со родителите и со најмалиот брат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Подоцна некој ги искрши и тие седишта, па остана само седиштето на најмалата клацкалка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Понекогаш се плашев да не ги заборавам нејзините црти, или и најмала подробност поврзана со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе