небески прид.

небески (прид.)

И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Времето се растргна. Меѓу облаците почнаа да се откриваат сини небески бездни.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ослободен од товарот на небеската или адската населба, современиот град го напушта полето на алегоријата, додека високата организација на животот го потиснува неговиот карневалски израз.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во небеската синевина поигруваа зраците на сонцето, а утринскиот ветерчок ја мрсеше косата на витките палми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Помислив на Бодлеровите Албатроси кои немоќни на земјата со тешките крилја беа горди принцеви на небеската шир.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А ако в туѓина останеш и таму завршиш, коските никогаш не ќе ти ги стопи туѓата земја и од нив душата не ќе го најде излезот небески...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа наша ѕвезда водилка на семејната судбина во небеската геометрија на егзилот, остануваше како наша последна татковина – надеж.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Месечко посилно го разгорел фенерот, во црното море од небеска недогледност... Ти со срце поцврсто од камен заминуваш...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На син ми Жорж и снаа ми Лидија Во древна кинеска вазна сноп исушени цветови, со долги стракчиња, се поткренале нагоре, ги подале главчињата и сите свртени на една страна слушаат светлината како раскажува за походи небеска љубов.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Најнакрај: и зошто се игнорира улогата на петлињата на небеските мостови од минатото до иднината?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Фовистички обоен или плускотница, да освежи исчекувањето да се олесни рофја да удри за невреме да ве подготви. Да имате слух и за небески работи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кулата ќе свети како небеско светило, да не речам, како сонце, како ѕвезди, како месечина во дална далечина, во вишна височина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Небески суштества ѝ доаѓале во сонот на мајка му и препорачувале од она што го имаат земено една третина да подарат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Само небескиот живот е бесконечен, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И видов дојките нејзини кои светлината небеска како ѝ се поткреваа и чув Бог како ѝ довикна: Марија, веќе зора е... Така ми исчезна во сонот Во птица престорена.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Стигнавме во тајната Арафатова резиденција, кога сонцето беше во залез и во небото поигруваа последните црвени жилки како небески крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе