небудност (ж.)
Таа е обвинета за користење буржоаско влијание во облекувањето, а мажот ѝ за небудност.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Небудноста и неспособноста особено ги изненадиле дипломатските претставници и воопшто странците коишто знаеле дека цела Македонија врие како во котел, и како сурово се пресметнувале органите на власта со македонските селани, затоа што овие му припаѓале на револуционерното движење, а најчесто само затоа што властите се сомневале во тоа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)