небулоза (ж.)
Иако во една од минатите Маргини веќе објавивме дел од тоа необично радио-творештво, субверзивната „антилитерарност“ што зрачи од овие „компресирани небулози“ нѐ натера да им се навратиме пак.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Да се лажеме самите себе си, каква небулоза, каков кукавичлак!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Каљостро: Ав ав, Шарко!(тука некако се спомнува Маркс, капитализмот, Кракатау и Каљостро пеат една песничка, зборуваат за фантомот на слободата, небулози...)
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)