неверување (ср.)
Неверувањето го лишува постоењето на човекот, му ја одзема вечноста што го чека...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Измешани чувства. Невидена радост и неверување дека тој ќе биде во мојот град, но и помалку горчина во душата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Нејзините очи, со вчудовиденост и неверување, ја видоа ненадејната трансформација на мачорот, од пријателски и нежен љубимец во неприпитомен ѕвер.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Среќа за неверување беше имал Гојко, ама пак беше несреќен човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Инфиделитетот, неверувањето е нашиот непријател, не станувајте опсесивни, фригидни, нека не ве обзема негативна инфлуенција од некој лош настан.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Незадоволствата што произлегуваат од неговиот соголен, незадоволувачки живот, намерно се насочуваат кон надворешни цели со помош на изуми каков што е Двете минути омраза, додека размислувањата што би можеле да го одведат кон неверување или кон отпор однапред се убиени од неговата, од детство стекната, внатрешна дисциплина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тогаш, кога ги протераа од Потковицата и од сиот овој дел на Македонија фашистите и кога стапија на власт комунистите, младежта, подгрејувана од нив, од комунистите, ја зафати едно неверување во бога, во црква, во самовили и во сѐ во што, научени од дедо и предедо, нивните татковци веруваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Како си смеела и да помислиш дека сум те избегнувал – ѝ велев можеби и со израз на неверување иако ја зборував вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој е свет човек, чува од зло.“ „Не сме сонувале“ , му рекоа „Видовме голема челична каса, зашто прв пат кога те баравме згрешивме и затропавме на неговата врата.“ Застана; гледаше со неверување.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Гледаше во мене со некое неверување но и за миг како да видов пркос во неговиот поглед кој како да сакаше да ми каже: - Во животот ми се случила и потешка разделба од оваа со тебе сега.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тодора го погледа со неверување, и ја стисна посилно Костадинка на гради, та детето почна да цимулка.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Посакај нешто, Малчо, и јас ќе ти го исполнам! “ И оп! Се случи чудо невидено! Чудо за неверување!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Народот се чудеше: ама чудењето го замени неверување: зарем во амамот да се појават змии, па тоа да е причината за затворањето?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Води ли таму кај што сме намериле Или е пат неврат, неверување?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Срцето му беше скаменето од неверување.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И ви се допаднаа! Побаравте корици, а јас бев во чудо од неверување.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)