невешт прид.

невешт (прид.)

А во гората под стрмниот рид малечките планински нивчиња, во кои се жнееше, беа неправилно начичкани еднододруго како кутивчиња редени од невешта детска рака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Чувствуваше како песокта ги завева гребените на Атлантикот и создава благо налегнати дини што би можеле да го спасат кога, како невешта птица, би пропаднал удолу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Најпрвин изнудувајќи од нас признание за покаеното и невешто промашување, како да знаел за нашата несовршена природа, наклонета кон грешки.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но зашто беше невешт со иглата и со конецот, или се правеше невешт, Василица, за да го мазне што побрзо од дома, сама му ја соши петлицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја разгледуваше студената фотографска конвенционалност: невешти насмевки, стаклено вкочанети очи, усни црни од кармин.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“ Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ленин ова ќе го оправда со ставот дека отстапувањето од граматичките норми во однос на невештото служење со јазикот, се разбира, вклучувајќи ги тука и заемките, е рамно на партиска девијација во животот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со невешта насмевка на виновник, ги враќа на полицата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се почувствува збунет како невешт режисер пред масата филмски ленти со кадри и секвенци на обесени на безмолвни филмски ленти околу него во просторијата на монтажа. Во случајот празни, без слика.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со мали, невешти букви тој напиша: 4 април, 1984. Се навали во столот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навидум изгледа дека премногу невешто се обидуваме да го откриеме светот и неговите мистерии, но длабоко во нас совршено ги разбираме појавите и нивните законитости, точно онака, како некој скриен учител, да нѐ води со фенер во црна ноќ, низ безредието на мачното секојдневие, покажувајќи ни ја вистинската насока на патот, дури и во најтешките безизлезни мигови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Сакаш да речеш дека Таша изразила желба јас да ѝ го подготвам сандакот? - се правев невешт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кусо потстрижана коса, што очигледно и ја фазонирала некоја невешта фризерка, тенки нозе, тенки раце, тенки прсти на рацете ... сѐ тенко и издолжено, лицето и вратот исти такви, очите слични, малку искосени кон слепоочниците, темна кожа... никаква блуза и панталони.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За денес имам мисериштено да го ставам, да ги откопам компирите и да ги донесеме и во племната да стасаме нешто да средиме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Невешта стратегија, ништо повеќе. Знам, Колку и да се сигурни во методите: со нешто го трујат воздухот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зборот аџамија значи неискусен, неопитен, невешт, почетник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Брзо и невешто со картицата исчука четири цртки и сите еден по еден почнаа да мирисаат. За мене остана последната.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Невешто пеглал и, кога ја видел, се збркал. Се усрамил, но не престанал.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Невешта стратегија, ништо повеќе. Знам, колку и да се сигурни во методите: со нешто го трујат воздухот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе