невообичаено прил.
невообичаен прид.

невообичаено (прил.)

Сепак адаптивните елементи можат да развијат добри решенија за невообичаено тешки проблеми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На масите нашите луѓе се побучни и тоа е невообичаено за овдешните луѓе, кои гласот го повишуваат кога ќе голтнат повеќе пиво, или од она убаво чешко вино „Лудмила“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не забележав ништо невообичаено сѐ додека не стигнавме во куќата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Фанцузинот, како што е познато има едно невообичаено хоби за нашите поими, да ги сака кучињата, со кои овде се води цела трговија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби малку невообичаено, но пражани имаат некои свои особености да собираат многу значки, кои се продаваат на секој чекор, и да пијат пиво со сендвичи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не пропуштаме да отпочиниме во единствениот и изненадувачки прекрасно уреден ресторан со хотел и голема тераса со поглед на езерото, домаќинлак на невообичаено љубезните Коста и Вера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знаете, едно пони многу добро го знае својот јавач и не беше невообичаено што кафеавите понија на пасиштата и оние во шталите, му се потсмеваа на Семовото пони затоа што го јаваше свирач на гитара, а не некој весел, вистински каубој од глава до петици кој пцуе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И невообичаено за вакви случаи, тој ја запрелистува книгата полека, со видливо задоволство, и се задржува на една страница каде што е подвлечена со молив една реченица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ВЦ-то ширеше пријатна миризба на кокос и невообичаено за јавните тоалети во земјата, беше џам чисто.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Веќе е ноќ – ја нурнува главата во неговата прегратка - Невообичајно топла ноќ. Полна со ѕвезди. Како предзнак на нешто убаво...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Не се наведени ни други имиња! - Но тоа е невообичаено, недопуштено!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Иако отпрвин „геј“ го дефинира како нешто што ги опфаќа и „родовиот идентитет и сексуалната ориентација“, а и како нешто што се однесува на „маж кој е (истовремено) родово нетипичен (психолошки и можеби телесно андрогин или женствен) и начисто хомосексуален по својата ориентација, ако не и практика“ (13), па иако неговата конечна пресуда ги дефинира геј- мажите како некои што се „невообичаено устроени и според родовиот идентитет и според сексуалноста“ (263), тој заклучува дека неговото „разгледување на природите на геј- мажите всушност се однесува на родовата ориентација, а не на сексуалната ориентација сама по себе“ (262, курзивот е мој).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа гледаше во мене како да ќе се расплаче; потем одеднаш рече, невообичаено гласно: „Тоа беше мал состанок. Партиски.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ова го реков бидејќи ми се причини дека во тој момент овој збор се најде на невообичаено место. Или грешам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ништо невообичаено, ако тој паричник не беше направен од наполно ист материјал и дезен како мојата футрола!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Чувствував дека тонам; сонцето беше сосема ниско паднато во пејсажот, и сите нешта беа обоени со сосема чудни, невообичаено згаснати бои; како да висеше нешто во воздухот, некаков електрицитет; чувствував и некаква телесна возбуда; во еден миг го повлеков Лудвик кон себе и потем долго се бакнувавме на пругата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некои иконокластички теми датираат уште од античкиот период и од теолошките битки во средниот век, но Гамбони го анализира модерниот период кој започнува со невообичаено моќниот пример на Bilderstrum: Француската револуција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се разбуди невообичаено рано, во шест изутрина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За геј-мажите, тогаш, задачата да го преведат чувството во општествен израз содржи невообичаено потешки предизвици кога чувството за кое станува збор е еротско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Грета: Изгледа кога човек ги јаде вашите пици од газот му излегуваат невообичаено гадни нешта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе