негодува (несв.)
Јасно ми е со какво негодување ќе се однесат мнозина кон овој мој предлог.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тетин ми испушти краток здив низ носот, како да негодува, но не го крена погледот од супата така што не сфатив што всушност сакал да каже.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тогаш од купатилото се врати Азра која во меѓувреме со ладна вода се испрска под мишките и меѓу нозете и гласно негодуваше за шиштењето на славината над кадата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со масовни апсења и мачења турската власт предизвикала гнасење и негодување кај сите нас.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се слушна негодување од сите страни.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Само ако се заборави и писне посилно со трубата - тогаш тешко нему. Сите негодуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Каде што ќе ги збунам речникот и правописот (та доста веќе тие ме збунуваат и негодуваат против мене).
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Стишен и растреперен од гнев и слабост, со уште непритивнато негодување, но привидно скротен, се качува горе и дувалото започнува да работи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нешто негодува во Соколета дека е таа така слободна.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Баричките од двете страни на улицата. Отежнетата, изводенета топка и прикриеното негодување на децата кои ни помагаат да не го заборавиме бесмртниот фудбал на мали голчиња.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
На почетокот Лилица негодуваше на моите постапки, се интересираше за работата што требаше да ја завршам ноќта, а потоа спласна, оладе, стана рамнодушна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таа мрмореше, негодувајќи половина час и тој не можеше да стаса да изусти ниту збор.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Барменот Шкот негодува што губат од факинг Маседониа... а јас сум премногу поспан за да му се наебам мајка мајчина!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Како јурија Ружа го слушна негодувањето и готова како пушка која чекаше да ѝ биде фатено чкрапалото, рафално „спука“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Или не сакате било какви животни? - рече и ја поткрена едната цртка од веѓа во негодување.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Групата во еден момент почна гласно да негодува генерирајќи убиствен нагон.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Збунетоста и негодувањето бргу исчезнуваат од подиумот. Пак наместени усмевки...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Младен од далеку ја фрли капата на разместениот кревет, гласно негодувајќи поради затекнатиот неред во куќата. - Нема, нема!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Потоа се слушна грозничаво смеење, нему му се придружи сув плач, по подот од собата над нас затупотија стапала тешки како копита, од едната соба до нас се слушнаа удари во ѕидот, од другата соба до нас – мумлање, од некаде доаѓаа нејасни зборови кои бараа помош, зборови кои заблагодаруваа и зборови кои негодуваа, зборови со молба за пуштање на слобода, од некаде доаѓаа човечки гласови што звучеа како клокот на вода, како животински рев, како птичји крик, гласови што звучеа како ветер низ гранки и гласови што звучеа како удар на камен од камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)