незабележан (прид.)
Се огледа наоколу да не би да го види некој и незабележано го помести каменот така да штицата сега се држеше само со еден крај.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Сакаше да влезе во кругот и да им каже дека ќе се поправи но силите го издадоа и тој пригушено заплака сам и незабележан во својот заклон.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Нацизмот постави мера на апсолутна социјализација незабележана дури ни во педагошките учебници.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Набргу во таа негова увиснатост почна да се раѓа и една своеглава непослушност на неговото тело, која не можеше да му помине незабележана ни во нејзиниот зародиш и од која сега можеше сѐ потешко да се бега.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас не побегнав, но гледав неосетно, незабележано да се извлечам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кај нас тоа се извршува постепено и незабележено, кај нив брзо и со извесна тенденција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Неговата работа не останала незабележена од егуменот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од тоа, а и од некоја синикавост, што ја фрлаше пред себе уште далечниот ден, која сѐ уште остануваше неодредена, но не можеше да биде незабележана, стануваше уште пораскошен и со уште повеќе дипли златниот вез на ноќта во дрвјата, над кои сѐ уште ѕвечеше со своите златни прапорци смирената месечина со некаков проштален, тажен призвук.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поттикнат од некаква магична сила сликарот почна брзо да поминува со четката по платното... Момата незабележно исчезна...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сигурно е ужасно, мислеше Змејко кога сеќаваш како нешто ти недостасува, кога сеќаваш дека си останал без еден дел од своето тело, кој ти останал некаде незабележано по изминатиот пат зад тебе, во сите изминати денови, а ти си продолжил носејќи му ја празнината, постојано чувствувајќи се прогонет од тој недостаток, сѐ дури вџашувачки неочекувано еден миг не те натера да го побараш, и додека не откриеш дека си останал без него. Каде ли го загубив, мислиш, каде ли?
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога младинецот се зафати да пие, тој му пушти незабележано една струјка вода во вратот, во градите, во испотеното лице.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пропушти дваесетина товарени добитоци и незабележан влезе во колоната, фаќајќи еден коњ за узда.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со избрани зборови истакна дека на нашата делегација ѝ се чини голема, единствена чест, досега незабележана кон некоја странска делегација, да се подготви програма за гледање на најдобрите театарски претстави во кој триумфира социјалистичкиот реализам, по повод стогодишнината од раѓањето на великиот Сталин.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
2 Темни и молчаливи, не само со секири или вили туку некои и со пушки скриени под колите и некои со кубури и јатагани во длабоките појаси, тие дваесет и осуммина продолжиле по покопот да ги влечат чкртавите двоколки по никакви патишта, оние по кои можеле да минат незабележени, и по беспаќа на кои сенките се кинеле со тајна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Трчаше пред аскер бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите, башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како аскер, се влечкаше тромо и, спротивно на офицерските желби, не сакаше да влегува во борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сонцето одамна се слизнало зад запчестиот планински срт, приквечерината незабележено се довлечкала до селото, ниските куќи исплашено се стиснале до неплодната земја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Уште повеќе што седеше стуткана таму назад, на таа последна клупа. Како да сакаше да остане незабележана.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да се беа здоговориле со Белича; тој незабележано се искраде од бараката, кај црниците го чекаше веќе Белич готов за бегство, но како одеднаш се најдоа пак таму, сред блатото, на чун?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)