незабележлив (прид.)
Го лижна леденото ванилино топче и во таа една или две секунди нејзиното свилено здолниште затрепери од допирот на незабележливото здивче ветер.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И сето тоа можело да се доживее само таму, високо, каде што нашиот незабележлив граѓанин и херој, Поетот, го поминува благопријатниот и посреќен дел од своето време.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тие мудри суштества кои молкум лазат покрај нашите нозе, така незабележливо, се трудат да опстојат во сенката на стопанот што го одбрале...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Незабележливо квечерината навлегуваше во собата, ги множеше и ги претвораше сенките во непроѕирна маса.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нека ве истовари на некое незабележливо место, далеку од местото на атентатот.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Во куќата сум незабележлив. Се сопнуваат на мене, ме кошкаат и никогаш ништо не ми говорат.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Времето му минуваше незабележливо во таа отпуштена зачеканост, во која одблесокот од вратничката на печката ја исполнуваше собичката со илјадници трепети на црвените сенки и полусенки од чија игра стануваше пријатно топло. И Белата Долина почнуваше да се буди.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Остана само да смисли како да го спроведе својот план. Тоа требаше да биде незабележливо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Без заштита на својот патрон, Пенчо беше незабележлив во улицата. Одеше скиселен и скиснат, ги заобиколуваше луѓето и не смееше да ѝ погледне на Ана в очи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Среќен сум што среде метежот на плоштадот сум незабележлив како натписот на мојата блуза.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Незабележливо ги брише очите.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кој би можел да ги спои неговата расприкажана, полничка личност, мустачињата а ла Клерк Гебл и љубовта кон шарените вратоврски и цицлести жени со неговиот минималистички уреден ергенски апартман: црно-бели театарски фотографии, три старински фотелји, а плакарите со стотици костуми и вратоврски и креветот вовлечен, камуфлиран во ѕидот, незабележливи како и музичката кутија, што ја сокриваат листовите на големиот фикус во аголот на собата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дури и оној бавен и расплинат ритам на дишењето во неговото спружено наплешти и отпуштено тело, носеше само едно споро, речиси неосетно надигнување на градите и едно сосема незабележливо тонење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Залудно се обидувам да го направам незабележливо она што се случува околу мене: дебели полицајци ги вадат пендреците и растеруваат група од петнаесетина просјаци што се обидуваат да дојдат до ситна паричка.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Меѓутоа Сухов незабележливо ве следи, што би се рекло по стапките, и го демне моментот кога е можно да бидете изненадени.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Голтањето беше успешно и незабележливо, како улога која соодветствува на карактерот на самиот актер.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Незабележливото заоѓање на сонцето им ги продолжувало сенките меѓу кои лежела меѓа на два света.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако веќе одиш, направи тоа да биде незабележливо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)