независност (ж.)
Пловејќи по морињата без мапи и навигациски инструменти биле принудени да ја развиваат независноста на мислите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Срдечно ќе ја одбележиме независноста на нашата мила татковина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Никако да ја издржи потребата за независност.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Исто така, сметаме дека конечно се созреани условите, сосем легитимно, да се постави прашањето за потребата од преиспитување на уставниот концепт на траен мандат на судиите, со сите негови позитивни и негативни аспекти – којшто кај нас се покажа како комплетно промашување, бидејќи наместо да стимулира независност и објективност на судиите, тој се извитопери во концепт кој поттикнува пасивност и незаинтересираност на судската фела за реалните проблеми на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 таа го презела лидерството во црковната и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја самостојна активност на Македонците за независност.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тој јавно велеше: - И кај нас, како и на меѓународен план се спротивставени и судрени две сили: империјализмот и монархофашизмот од едната страна и народната демократија и националната независност, од друга.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
По распадот на СССР и по стекнувањето на независноста, земјите од Средна Азија со турскојазично население се префрлија на латинични системи на писмо или на арапско писмо, прифатено под силно влијание на исламот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Да се стекне независноста, за нив пред сѐ значеше одново да се пронајде сопствената култура.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Биле укинати сите форми на независност т.е. на внатрешна автономија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Остана запаметен по своето брилијантно дело Брана преведено на светските јазици, беше основач на првиот туниски Универзитет по независноста, се сметаше за еден од најголемите туниски мислители на XX век.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Човекот не може да се буни против самиот себеси: своите уживатели на независноста тој ги подвргнува кон принудната едногласност која без било каков премин го зазема местото на туѓинската власт.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Подготовките за одбележување на Денот на независноста беа мношне интензивни, зашто немаше многу време.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Наспроти некои верувања, очигледната независност на човекот во однос на неговата ендокрина сексуалност, која не само што му овозможува да им се спротистави на нагонските притисоци, туку сѐ до староста му овозможува и сексуални односи и оргазам чија цел не е оплодување, не е знак на „дегенерација“, ниту на раскинување со природните корени на човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пази пример: пред нешто повеќе од два века Томас Џеферсон ја срочил Декларацијата на независноста тргнувајќи од тезата дека сите луѓе се еднакви - по што се вселил во Белата куќа со своите 12 црни роба.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ова знаме во Поградец се крена по повод независноста, во 1912 година.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Потоа пукнатини, пукотници
испакнат папок, длабок рез.
Ако треба
и љубов ќе водиш
ќе го одвоиш телото
ќе го осамостоиш
- што би се рекло -
ќе се залагаш за самоопределување
до отцепување
(еуфемија за отуѓување)
ќе се откажеш од независноста
ќе се вратиш неколку века назад
никаде, ничија
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Политиката на асимилација и ширење на т.н. „национална грчка свест“ Грција од самиот старт по независноста, па со добивањето на половина македонска територија по балканските војни, беше и сѐ уште е многу агресивна, а начините на спроведување на истата – безмилосни.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Народниот правобранител презема дејствија и мерки за заштита од неоправдано одолжување на судските постапки или несовесно и неодговорно вршење на работите на судските служби, неповредувајќи ги принципите на самостојност и независност на судската власт.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)