незадоволство ср.

незадоволство (ср.)

Но во искажувањата од овој вид не е содржан подигнат тон а не е присутен ни призвук на незадоволство а уште помалку навестување на побуна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој владее и со можноста преку неконтролирано однесување да го стимулира незадоволството кај потчинетиот, а потоа користејќи ја својата власт да го казни непромисленото и неприлично однесување на потчинетиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во меморандумот на капетанот Морган од 19 март 1943 година за воената мисија во Македонија меѓу другото се осврнува и на “комунистичките и македонските автономистички групи на отпорот кои се особено интересни во однос на незадоволството од Бугарите“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од училиштето до овој привлечен свет на книгите, наеднаш тука, во дуќанчето полно со мрачнина во која господари незадоволството на татко му.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Незадоволството кое и сама го имав искусено.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
При товарењето Анѓа му помогна од срце и ни најмала срџба или незадоволство не покажа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се подигнуваше горчливо незадоволство и како со обрачи му се стегаа градите и главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Најнадарените меѓу нив, кои би можеле да го претставуваат нуклеусот на незадоволството, едноставно се лоцираат од страна на Полицијата на мислите и се елиминираат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку време работат без ниеден збор, ни звук на незадоволство и револт, двајцата за тоа не мислат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Работниците сѐ помалку можат да се потпрат на протестите и штрајковите како најдоминантни форми на изразување на нивното незадоволство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сеедно, кренатиот поглед ја плати должната сума и во прецизен натурализам ги здогледав: острата боја врз реткоста на косата, старите испакнати вени и младешката облека, злоупотребата на психологијата како наука, вечното незадоволство од очекувањата, нискиот стремеж кон „високи“ случувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Длабоко се надигнуваше незадоволство и презир кон себеси, кон луѓето во овој проклет град, кон оваа тесна и куса, но бескрајно мачна за поминување, улица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
71. Бурите се некогашни холандиски доселеници во Јужна Африка, кои по незадоволствата од англиската управа во 1831-1835 год. се преселуваат во Трансвал и Оранж и образуваат свои републики.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додека зборува, од неговото лице незадоволството исчезнува, се појавува насладата од постигнатата цел: „Дојди вечерва во театаров - ќе се потрудам да ви раскажам кој бев и кој сум всушност!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повторливите економски кризи од минатото беа сосем непотребни и сега не им се дозволува да се случуваат, но затоа други и исто толку големи пореметувања можат, и се случуваат, без секаква политичка последица, затоа што не постои начин на кој незадоволството би можело јасно да се изрази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето тоа предизвикало нови движења и незадоволства, биле создавани нови нелегални чети, се засилувале старите чети итн.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Повеќе