незапирен (прид.)
Тој понижувачки пораз и незапреното повлекување на италијанската војска на албанска територија што командата во Рим и самиот Мусолини ги доведуваше до лудило, беше прекинат со нападот на Германија врз Грција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Кому јас можам, освен тебе, драга Агна, да му го соопштам моето расположение, восхитот од големата градба“, ѝ пишував на жена ми, а всушност во себе ги читав оние незапирни редови, што веќе беше ги напишал некој друг, во отворената книга крај мене, незапирни редови, од десно на лево, од работ на една до друга провалија, редови во долги низи кои се како обвинување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Границата беше и симбол на незапрениот балкански синдром за жртвување и саможртвување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Веројатно, во некои посебни услови и специфични околности, може да се насети па дури и да се наслушне незапирното ширење на материјата, со онаа неочекувана ненадејна експлозија како објава на свршетокот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)